10 грешки заради кои ајварот не ви излегува вкусен

Цедењето на зеленчукот преку ноќ и постепеното додавање на масло при крајот на варењето се клучни за ајварот да стане неодолив намаз.

10-greshki-zaradi-koi-ajvarot-ne-vi-izleguva-vkusen-001.jpg

Трпението се наградува и ајварот е одличен пример за тоа.

Но, без оглед на целото потрошено време и внимание, ако ги правите овие грешки, ајварот никогаш нема да ви излезе вкусен:

1. Ајварот не се прави само од пиперки. На 3 килограми пиперки, треба да додадете 1 килограм модар домат.

2. Кога бирате пиперки за ајвар, тие треба да имаат 3 карактеристики: мазни, зрели и дебели. Ајвар не се прави од тенки пиперки.

3. Најсласниот ајвар има фина арома која се добива само ако пиперките се печат, а не се варат.

4. Печењето не смее да биде прекратко. Оставете ги пиперките и модрите домати да се печат додека не почне да се одвојува лушпата.

10-greshki-zaradi-koi-ajvarot-ne-vi-izleguva-vkusen-2.jpg

5. Излупените пиперки оставете ги да се цедат барем 12 часа, идеално преку ноќ. Исто важи и за модрите домати.

6. Трпеливото мешање додека водата не испари е исто така клучно. Солта се додава на крајот, за дополнително да ја извлече течноста. Маслото исто така се додава на самиот крај, и тоа малку по малку.

7. Никако не ги оставајте семките од плодовите.

8. Сол се додава постепено, а пред секое додавање ставете малку од ајварот на чинија, за да се олади и точно да вкусите колку е солен.

9. Покрај тоа што теглите мора да бидат чисти, добро би било пред да го затворите капачето, да ги пребришете рабовите на теглата со алкохолен оцет.

10. Стаклените тегли, по пастеризацијата која трае 1 до 1 час и 30 минути, треба да ги оставите постепено да се изладат. Никако не смее топли да ги ставате во фрижидер.

10-greshki-zaradi-koi-ajvarot-ne-vi-izleguva-vkusen-3.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предмет од кујната кој најдобро се пере во машина за садови (иако можеби ви е страв да го ставите) Дали и вие некогаш за некои предмети од кујната се прашувате дали е добро да ги ...
Девет начини како сами си ја отежнувате работата во кујна Не ги читате рецептите до крај и не ги мерите состојките точно кога правите нешт...
8 кујнски трикови што треба да ги знаете (дури и ако сте антиталент за готвење) Како да излупите ѓумбир, како да спасите овената марула, како најлесно да го исе...
Грешки во кујна што ги правиме сите (а влијаат врз вкусот на храната) Дали ја ставате храната во тава пред да се загрее маслото? А дали ги чувате дома...
7 чести грешки што (можеби) ги правите кога варите тестенини Го истурате сосот врз тестенините и ставате масло во водата додека ги варите. Да...
Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...

Најчитани неделава