4 појадoци кои го отстрануваат салото од стомакот, го успоруваат стареењето и се приготвуваат брзо

Постојат два типа на луѓе - оние кои размислуваат за појадокот пред да заспијат навечер и оние кои мораат да се натераат да јадат нешто наутро. Без разлика дали сте љубител на појадокот или не, првиот оброк во денот со сигурност ви помага во целокупното здравје.

Chetiri-pojadoci-koi-go-otstranuvaat-saloto-od-stomakot-go-usporuvaat-stareenjeto-i-se-prigotvuvaat-brzo 01 630x330.jpg

Дополнително, постојат хранливи опции кои можат да ви помогнат да ги изгубите мастите од стомакот и да го забавите стареењето.

Во продолжение за вас издвоивме четири типови на појадоци кои се вистинска амброзија, го отстрануваат салото од стомакот и се приготвуваат сосема брзо:

Овесна каша со овошје, јаткасти плодови и семки

Овесната каша е еден од најздравите појадоци што можете да ги јадете. Овесот е извор на диетални влакна и помага да бидете сити подолго време.

Додавањето јаткасти плодови ќе ја зголеми содржината на протеини, што исто така може да помогне да не се чувствувате гладни подолго време. Дополнително, протеините помагаат да се изградат мускули и да се отстранат мастите од стомакот.

Боровинките и семките од лен ќе ѝ дадат на кашата природна сладост. Лененото семе е богато со омега-3 масни киселини и може да помогне да се стабилизира нивото на шеќер во крвта, а боровинките се богати со антиоксиданси, кои можат да помогнат вашата кожа да изгледа подобро.

Chetiri-pojadoci-koi-go-otstranuvaat-saloto-od-stomakot-go-usporuvaat-stareenjeto-i-se-prigotvuvaat-brzo 02 630x400.jpg

Јајца или омлет од зеленчук

Јајцата се неверојатен извор на протеини, а вегетативниот омлет додава уште еден куп други состојки полни со хранливи материи.

Омлетот од зеленчук е полн со здрави масти и храна богата со антиоксиданси кои се борат против наталожувањето. Протеините од јајцата и влакната од зеленчукот ќе ви помогнат да го потиснете апетитот долго време и да спречите прејадување во текот на денот.

Chetiri-pojadoci-koi-go-otstranuvaat-saloto-od-stomakot-go-usporuvaat-stareenjeto-i-se-prigotvuvaat-brzo 03 630x400.jpg

Јаткасти плодови или путер од јаткасти плодови

Без разлика дали ќе ги додадете во вашата овесна каша или ќе изберете да намачкате путер од бадем на тост лепче, јаткастите плодови и путерот од јаткасти плодови можат да придонесат за здраво стареење и губење на тежината.

Chetiri-pojadoci-koi-go-otstranuvaat-saloto-od-stomakot-go-usporuvaat-stareenjeto-i-se-prigotvuvaat-brzo 04 630x400.jpg

Грчки јогурт

Грчкиот јогурт е одличен избор за љубителите на јогурт бидејќи содржи повеќе корисни хранливи материи и помалку додаден шеќер. Грчкиот јогурт е богат со протеини, поради кои подолго се чувствуваме сити. Богат е и со калциум, кој е важен за спречување на стареењето и одржувањето на здравјето на коските.

Chetiri-pojadoci-koi-go-otstranuvaat-saloto-od-stomakot-go-usporuvaat-stareenjeto-i-se-prigotvuvaat-brzo 05 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Колку протеини треба да внесувате дневно (ако сакате да изградите мускулна маса)? Количество протеини што треба да го внесите зависи од физичката активност. Ако с...
Намирници и продукти на кои е во ред да штедите (без да изгубите квалитет) Зачини, сол, јаткасти плодови – кај некои продукти, нема некоја огромна разлика ...
12 митови за здравата исхрана во кои многумина веруваат - дали се вистинити или не? Авокадо од 200g содржи 322 калории - тоа се повеќе калории од стандарден хамбург...
8 намирници што ја штитат кожата на лицето (и можат да ве подмладат) Ретинолот е честа состојка во продуктите за убавина. Но, можете да го зголемите ...
3 лесни идеи за храна со срца - изненадете ја саканата личност на „Денот на вљубените“ (видео) Лепче со чоколадно срце исполнето со мармалад, палачинка со љубовни мотиви и мин...
Храна која ќе ви помогне полесно да ги преживеете мачните симптоми на менопауза Зеленчукот како брокула и карфиол, но и овошјето со темна боја содржи антивоспал...

Најчитани неделава