Дали го маринирате месото на собна температура или ги печете компирите во алуминиумска фолија? Тогаш време е да престанете да ги правите овие грешки ако се сметате за експерт во кујна.
Знаете ли зошто изгледа како водата да врие побрзо откако ќе ѝ додадете сол или зошто некогаш компирите потемнуваат кога ги варите?
Наместо целосно да се откажете од благото, пробајте да ги замените тортите и чоколадото со десерти со помалку калории.
Јогуртот е една од најздравите намирници – ги има речиси сите потребни хранливи материи, а истражувањата покажуваат дека има позитивно влијание дури и врз менталното здравје.
Сите знаеме како добро да избереме лубеница. Пред да ги купиме, обично ги чукаме со прстите за да провериме дали се зрели, но како се избира диња?
Дури и ако ги избегнувате сите понуди за храна на аеродромот, може да подлегнете на искушението и да купите некој сендвич или салата.
Во топлите, летни денови нема да погрешите ако наместо тешка храна, на даската преовладува овошје – идеи како да сервирате за гости.
Во последнава година, откако станав мајка на две деца, сум во постојана трка со времето. Ми се чини дека најголем дел од времето во текот на денот губам во подготовка на оброци.
Постојат два типа на луѓе - оние кои размислуваат за појадокот пред да заспијат навечер и оние кои мораат да се натераат да јадат нешто наутро. Без разлика дали сте љубител на појадокот или не, првиот оброк во денот со сигурност ви помага во целокупното здравје.
Ако немате јајца или сакате веганска верзија на рецептот за торта или палачинки, едно јајце можете да го замените со половина пасирана банана и половина лажичка прашок за печиво.
Иако нема ништо лошо во опуштањето на одмор, сигурно не сакате за 7 дена да ги вратите 5-те килограми кои ги намалувавте неколку недели пред да се соблечете по костим за капење...
„Сега, 15 години по средно училиште, гените „задолжени“ за фит изглед почнаа да ми потфрлаат. Јадењето прекумерно почна да си го зема својот данок. Научена да бидам најзгодната во друштвото се одлучив на драстична промена, и тоа не само поради изгледот, шега на страна, туку поради здравјето. Гуглав најлесна и најдобра опција и дојдов до решението – овес и производи базирани на овес... И моите пријателки ги воодушевив инстантно!“
Доколку сте вљубеници во појадоци од типот на овесни снегулки, чиа пудинг или смути, тогаш овие идеи за декорирање сигурно ќе ви бидат одлична инспирација.
Мирисот на кромид од рацете неутрализирајте го со триење од компир, путерот намачкајте го на леб со помош на преса за лук наместо да се мачите со нож, а за да ги излупите полесно јајцата - печете ги наместо да ги варите. Ги знаат ли вашите баби и мајки овие трикови? Сигурно би ги одобриле...
За многу видови овошје, бојата воопшто не е пресудна за вкусот. Бојата на црешите, на пример, може да зависи од нивниот вид, па треба да обрнете внимание дали плодот е сјаен и тврд, а не каква боја има.
Тестенините не треба „да пливаат“ во сос и во една порција треба да додадете само 3-4 лажици од сосот...
Карфиолот, овесот и млечните производи се дел од намирниците кои иако се здрави, кај некои луѓе можат да предизвикаат појава на гасови.
Немојте да ги фрлате потемнетите банани – искористете ги за да направите лепче од банана кое е одлично како ужина, но и за појадок.