Сања Коцева: „Маурициус е парче од рајот, плажите се спектакуларни, само патот дотаму е долг и напорен“

„Имајќи предвид дека на најголем дел од тропските дестинации е зима во периодот јули/август и сезона на дождови, доста истражував која е најдобра опција за патување дојдов до информацијата дека климата на Маурициус преку целата година е пријатна и топла. Летавме до Истанбул и оттаму речиси 10 часа до Маурицис, каде нè дочека вистински рај..., раскажува Сања Коцева (29) од Штип за CRNOBELO.com.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-01.jpg

Сања Коцева (29) од Штип, по професија докторка, летово како дестинација за одмор го избра Маурициус.

По Бали, вели дека ова е една од најатрактивните дестинации што ги посетила и дека е искуство кое дефинитивно нема да го заборави.

Нејзините фотографии оттаму се неверојатни, а таа се обидува низ разговор за CRNOBELO.com да ни ја долови убавината на ова мало парче од рајот:

Зошто токму Маурициус годинава? Кој период, колку време и беше ли напорен патот?

Идејата за посета на Маурициус дојде навистина спонтано. Имајќи предвид дека на најголем дел од тропските дестинации е зима во јули/август и сезона на дождови, доста истражував која е најдобра опција за патување.

Климата на Маурициус преку целата година е пријатна и топла, туристичката сезона овде е преку целата година, а кога ги видов фотографиите на интернет како изгледа овој магичен остров, веднаш знаев дека е вистинскиот избор за летна дестинација.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-03.jpeg

Го избравме јули за посета на островот. Летавме Скопје-Истанбул (1.30min) и Истанбул-Маурициус (речиси 10 часа).

При патување времето брзо минува со добра книга, филмови, музика и секако нетрпението да се стигне на прекрасната дестинација.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-02.jpeg

Чувство по слетувањето… Каква клима те дочека таму?

Веднаш по излегувањето од аеродромот почувствувавме топло време со висока влажност на воздухот.

Додека патувавме накај првиот ресорт, кој беше сместен на источниот брег од островот климата стануваше попријатна. Иако островот не е многу голем, сепак на секоја страна од островот има варијација на температурата од неколку степени.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-08.jpeg

Какви ресорти има на Маурициус? Дали се навистина така бајковити како што си замислуваме?

Ресортите се вистинско уживање за посетителите. Склопот на природните убавини и ресортите даваат една поинаква димензија на уживањето.

Најчесто секој ресорт си има своја приватна плажа. Сместувањето во најголемиот дел од ресортите е во куќички ли т.н. бунгалови, кои се наоѓаат помеѓу раскошна природа.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-16.jpeg

Бесконечни базени, СПА центри, барови на плажа се само дел од убавините со кои располагаат ресортите.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-15.jpeg

Дали Маурициус е навистина рај за туристи?

Маурициус е едно од оние места кои фасцинираат, се вовлекуваат под кожа и ќе ве натераат да се чувствувате магично.

Километри на недопрено крајбрежје, рајски плажи со бел песок, тропски шуми, планини, бујна вегетација, палми насекаде околу вас, кристално чиста боја на водата, водопади, тропска клима… се само дел од работите со кои ќе ве воодушеви природната убавина на овој остров.

Како што рекол Марк Твен „Прво бил создаден Маурициус, а потоа рајот“.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-14.jpeg

Каква е водата на Индискиот Океан за пливање?

Маурициус е опкружен со Индискиот Океан и покрај тоа што во ресортите има неверојатни базени, ретко кој се бања во нив.

Причината е тоа што водата во океанот е топла, кристална, плитка, нема бранови и е безбедна за капење.

sanja-koceva-mauricius-e-parche-od-rajot-letavme-od-skopje-do-istanbul-pa-rechisi-10-chasa-od-istanbul-do-mauricius-07.jpeg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сања Коцева за патувањето во Оман, пред војната: „Литар нафта беше 30 денари, како да сте во бајката... „Гледајќи ги локалците во традиционална облека, имате чувство како да сте во фил...
Ивана од Скопје живее во швајцарско село: „Си садам растенија во двор, јадам од локални фарми, гледа... „Ми се допаѓа што во Швајцарија никој не те прашува „А што не се мажиш?“, туку т...
На одмор со семејство Марковски на Тасос: „Патувавме 7 часа од Скопје, траектот нè чинеше 84 евра, с... „Бевме вo all-inclusive хотел за првпат, но сфативме дека сепак сме повеќе за ше...
На одмор со Илија од Скопје на Тасос: „Бев сместен во две гратчиња, траект чинеше 8€ по лице“ „Морето на Тасос е прекрасно, со многу чиста и бистра вода. Она што најмногу ми ...
Славица од Скопје 12 години живее во Осло: „Стан од 60m2 чини 348.000 евра, Норвежаните одат на одмо... „Норвежаните се големи патриоти и навистина се горди на својата земја и природа....
Ристе од Скопје за посетата на Лондон: „Авионски билет се наоѓа и за 20€, градот е многу небезбеден ... „Туристичка виза се добива исклучиво преку онлајн апликација бидејќи кај нас нем...

Најчитани неделава