Валери Димовска: „Имаме предобри музички таленти за кои никој нема слушнато“

Од кога знае за себе пее. Дури и нејзините први зборови не ги прозборела, туку ги пропеала. Валери Димовска од Велес, отсекогаш знаела дека ќе се занимава со музика. 

valeri-dimovska-kako-i-se-drugo-i-muzikata-treba-da-evoluira-i-da-go-raduva-zabavuva-i-utesuva-sovremeniot-covek-01.jpg

Првата играчка што ја добила на подарок бил микрофон. Валери ужива кога е сама дома, со својата гитара, вели дека тие моменти ја содржат инспирацијата за нови песни.

Покрај тоа, таа е и „хроничен гејмер“, во денови кога нема ангажмани знае со часови да помине пред компјутер, играјќи League of Legends.

„Неодамна излезе „Вози ме“, која се создаде многу спонтано. Дојдов во студио да работиме друга песна, ама со Темелко си свиревме и пробувавме некои ствари и така спонтано се роди прво рефренот, за кој бевме инспирирани од муабетот што го водевме.

За тоа колку е убаво понекогаш да се тргнеш настрана од градот со тој што го сакаш, од сивилото, од гужвите, од разните трач муабети, љубоморните ликови, од телефони и социјални мрежи и да бидеме сами“, открива Валери за темата на новата песна. Да се вози каде било само да се биде на само.

Таа и нејзиниот тим немале никакви очекувања пред излегувањето на песната, но знаеле дека и спотот и песната ќе поминат многу добро кај публиката. Сите нивни пријатели што го слушнале синглот пред официјално објавување, реагирале позитивно во секоја смисла на зборот.

„Имаме план за албум и супер стратегија на која трпеливо работиме. Создаваме современа комерцијална музика, следејќи ги светските трендови“, споделува Валери, која вели дека нема лоша музика, ниту пак стилови.

Сè што е добро сработено го слуша и почитува, сè додека пораката што ја носи е добра. Воопшто не поддржува промовирање на дрога, насилство и промискуитет. Додава дека како и сè друго, и музиката треба да еволуира и да го радува, забавува и утешува современиот човек.

FotoJet2 2

„Мислам дека на нас пејачите на забавна музика, кои творат најсовремени жанрови како трап и R&B ни фали сцена во Македонија. Сè уште немаме медиумски простор каде да ја промовираме нашата музика. Верувајте ми, имаме предобри таленти за кои никој нема слушнато.“, сугерира Валери.

FotoJet1 6

Во моментот работи на нов материјал, а веќе две-три песни се сработени и наскоро ќе бидат објавени. Дотогаш да уживаме во нејзината песна и сите да се возиме по свој пат.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубовната приказна на Бојан Велевски и Каролина: „Се запознавме во диско - таа го викала келнерот, ј... „Таа вечер не требаше да одам во диско. Не требало ни Каролина да оди, непл...
Успешни Македонци во светот: Лина Ѓорчева компонира филмска музика и работи со најголемите имиња во ... „Во Лос Анџелес го снимав моето ново филмско музичко дело, Spectrum со оркестаро...
Љубовната приказна на Иџе и Емилија: „Заедно сме од средно, утрото на свадбата возев квалификации за... „Со Емче учевме во исто училиште. Бевме втора година и се загледувавме еден во д...
Љубовната приказна на Таско и Наташа: „Се запознавме на Фејсбук, ѝ пишав дека ми се допаѓаат тетоваж... „Наташа ме тераше да не пеам, као 'Твоја свадба е, ти не треба да пееш'. И ...
Антониа Гиговска за новиот албум: „Роберт го замисли целиот проект, круната е за него - Киан ја обож... „Имаше многу интересни моменти на снимањата, па на спотот за „7 дена, 7 ноќи“, с...
Дарио Панковски: „Излегував во најпопуларните шминкерски кафулиња и дискотеки, и денес би облекол ко... „Не готвам, но сакам да си подготвувам интересни ‘бранчови’. Хит ми се оние со а...

Најчитани неделава