Затворање на рестораните, максимум 3-ца гости на ден: Македонец открива кои се новите мерки во Холандија

Од начин на работа на локалите до носење маски, какви мерки преземаат холандските власти периодов? Македонец кој живее и работи таму повеќе од 2 децении ни пренесува каква е ситуацијата. „Од вечер во 8 ни ги затвораат на 4 недели рестораните и баровите...“, започнува тој.

zatvoranje-na-restoranite-maksimum-3-ca-gosti-na-den-makedonec-otkriva-koi-se-novite-merki-vo-holandija-01.jpg

Игор Трајковски, кој по професија е софтверски инженер, живее и работи во Холандија од 1997 година.

Тој открива каква е моменталната ситуација со пандемијата таму:

Од вечер во 8 ни ги затвораат на 4 недели рестораните и баровите (и „кофишоповите” во кои никој не купува кафе). Ќе може само да си нарачаш и земеш храна за дома. А и продажба на алкохол нема да има од 8 вечер до сабајле. Холандија воведе поригорозни мерки, иако - искрено - очекувавме дека ќе бидат подрастични.

Маски ќе мора да носиме во сите затворени јавни простори (со акцент на „ќе“, прво мора да се направат некои законски измени), но досегашната сериозна препорака за носење маски повеќето веќе ја почитуваат, во самопослуги и други продавници скоро секој носи маска иако не е обврска, а некои објекти и сами си донесоа одлуки за задолжително носење маски. Гости дома - најмногу тројца на ден (не тројца по тројца на смени).

Нема да има ни аматерски групни спортови, но професионалните си продолжуваат (без публика, така е од претходно). На отворено маските остануваат прашање на личен избор, но групирања се дозволени повторно само во друштва од четворица со задолжителна дистанца од метар и пол.

Сепак, во отворените аутлет шопинг центри маски се задолжителни веќе подолго време и надвор од продавниците - во саботата се загнавме на пат до еден по скоро година дена пауза (се погоди убаво време). На влез имаше контрола дали имаш маска и ако немаш - можеше/мораше веднаш да си купиш инаку нема влез. Цел ден го минавме со маска, освен кога ќе седнеш да јадеш и пиеш во ресторан или на клупа. Ништо не ни фалеше, останавме живи незадушени. 

Сѐ на сѐ, не се потресовме нешто посебно, живот тече даље. За угостителите ќе биде тро’ потешко... (Во меѓувреме, маските ни ги намалија у комшилак, сега се 5 евра за 50.)

Од вечер во 8 ни ги затвораат на 4 недели рестораните и баровите (и „кофишоповите” во кои никој не купува кафе). Ќе може...

Posted by Igor Trajkovski on Wednesday, October 14, 2020

С. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Васка Леонтиќ: „Забременив со ин витро, сама станав мајка на 48 години, мојата ќерка (5) знае сè за ... „Никогаш не размислував за тоа што ќе зборуваат другите за тоа дека забременив с...
Петар Грашо за CRNOBELO: „Кога се роди Алба бев во Охрид, тие 10 часа додека патував до дома ми беа ... „Кога стигнав во болницата, ме одведоа во делот со бебињата и ми рекоа: 'Ов...
Миро Кацаров за љубовта со Ивана: „Ни се случи љубов на прв поглед, по неколку месеци веќе почнавме ... „Ивана знае дека јас сум блесав и будала на свој начин, па не беше шокирана од з...
Бобан Алексов живее 6 години во Данска: „Заминав 'на слепо', работа најдов случајно на Фејсбук, живо... Боби Алексов (37) од Скопје, 6 години живее во Оденсе, Данска. За себе вели дека...
Иван Босиљчиќ за CRNOBELO: „Јелена ме научи да бидам романтичен, порано не бев како ликовите што ги ... „На 6 години добив брат, а многу сакав сестра. Родителите ми велеа дека ќе имам ...
Хелена Роза по 4 години се врати од Нов Зеланд: „Заминав на 39 години, завршив факултет и сега со со... „2022 ми беше една од најубавите години - конечно зедов дозвола за возење мотор ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg