„Многу жени никогаш не пријавуваат, а од оние што пријавуваат, дел подоцна го повлекуваат исказот, не затоа што насилството престанало, туку зашто притисокот врз нив станува уште поголем. Насилникот може да се заканува, да уценува, да ветува дека ќе се промени. Семејството некогаш врши притисок 'да не се срами куќата', вели Магдалена Чадиноска Кузманоски, социјален ментор на жени жртви, за CRNOBELO.com.