„Во новинарството никогаш нема 2 исти работни дена. Кога ќе стигнам во канцеларија, никогаш не знам каде ќе ме одведе денот - дали на некој прес, на интервју, концерт, промоција… Дури и да сум цел ден пред компјутер денот е различен – не знам на кои теми ќе работам, со кого ќе се слушнам, за кого ќе пишувам, кому ќе му пратам прашања за интервју“, вели новинарката Андријана Јовановска (47) од Скопје.