„Испешачивме 111 километри за да се чуе нашиот глас, гласот на жртвите. Првичната цел е да им кажеме и покажеме на овие жртви дека не се сами, дека ние сме тука со нив, дека верувам сите се тука за нив. Сакаме воедно и да ги охрабриме да побараат помош, да се доверат некому за да се олесни тој товар, и ако се подготвени, да ја раскажат својата приказна“, испраќа моќен апел Кирил Ангелов од Велес.