„Во времето на Југославија имавме чираци, кои од мајсторите го учеа занаетот. Ама јас велам, занает, не се учи, занает се краде. Јас го наследив занаетот од татко ми.“ – го посетивме шапкарот Златко во срцето на скопската чаршија, кој за CRNOBELO.com открива од кога е занаетџија, дали се живее од тоа и како се одвива неговата работа.