Марио Савовски од Скопје од пред некоја година живее во Берлин и работи во студио за игри. Завршил Филолошки факултет – англиски јазик и книжевност, но не ја искористил својата диплома зашто веќе 6 години работи како дизајнер на игри, правејќи игри за мобилен. Гејма од кога знае за себе, а негува и голема љубов кон книги, стрипови, филмови и уметност во која било форма. Исто така голем фан е на рубикови коцки, а до сега рекорд во решавање на рубокова коцка му е 35 секунди.