Анастасија Ражнатовиќ конечно насмеана по загубата на бебето – Се врати на Инстаграм со емотивна порака до Гудељ

„Честитки љубов моја! Еден од големиот број убави мигови во нашиот заеднички живот се случи денес“ – Анастасија Ражнатовиќ конечно се смее по големата трагедија, кога го загуби бебето во петтиот месец, а се врати на Инстаграм за да го одбележи професионалниот успех на нејзиниот партнер.

anastasija-razhnatovikj-konechno-nasmeana-po-zagubata-na-bebeto-se-vrati-na-instagram-za-da-spodeli-emotivna-poraka-do-gudelj-01.jpg

Српскиот фудбалер Немања Гудељ го продолжи договорот со фудбалскиот клуб „Севиља“, а Анастасија Ражнатовиќ го придружуваше на церемонијата.

Облечена во тексас фустан со марама околу вратот Анастасија изгледаше беспрекорно, а на Инстаграм Стори сподели видео на кое може да се види дека конечно се смее и се радува по големата семејна трагедија откако го загубија бебето во петтиот месец од бременоста.

anastasija-razhnatovikj-konechno-nasmeana-po-zagubata-na-bebeto-se-vrati-na-instagram-za-da-spodeli-emotivna-poraka-do-gudelj-02.jpg

По загубата на бебето Анастасија го деактивираше својот профил на Инстаграм, а сега по подолго време пауза, одлучи да се врати на социјалната мрежа за да ги сподели фотографиите од церемонијата посветена на нејзиниот партнер.

anastasija-razhnatovikj-konechno-nasmeana-po-zagubata-na-bebeto-se-vrati-na-instagram-za-da-spodeli-emotivna-poraka-do-gudelj-04.jpg

Гудељ, по победата што ѝ ја донесе на „Севиља“ минатиот месец и откако го освоија трофејот на „Лигата на Европа“, на стадионот „Рамон Санчез Пизхуан“ во саботата (24.06) потпиша нов договор кој ќе трае до 2026-та година, а по тој повод беше организирана свечена церемонија на која присуствуваа неговите најблиски.

„Честитки љубов моја! Еден од големиот број убави мигови во нашиот заеднички живот се случи денес.

Се радувам на големиот број (убави мигови) што ќе дојдат. Ако некој го заслужил ова, тоа си дефинитивно ти!!! Те сакам бубо“ – напиша таа до фотките.

Инаку, нејзините следбеници упатија голем број честитки до Гудељ, а голем број од нив се израдуваа што таа конечно одлучила да се врати на социјалната мрежа.

„Ја обожавам насмевката на твоето лице, само главата горе“,

„Колку ми се мили и драги. На ова дете му ја посакувам целата среќа на светот“,

„Таса се врати“, „Ова е жена која по најголемиот губиток во својот живот собра сили и има желба да биде покрај својот партнер додека тој го слави професионалниот успех. Ти си вистински ангел“ – ѝ порачуваат следбениците.

anastasija-razhnatovikj-konechno-nasmeana-po-zagubata-na-bebeto-se-vrati-na-instagram-za-da-spodeli-emotivna-poraka-do-gudelj-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анастасија Ражнатовиќ (28) со видео качена на грб кај Гудељ прослави 3 години брак, доби син - Која ... „Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ...
Го покажа мускулестото тело, насмеан со сопругата - По 1 месец „илегала“, синот на Цеца објави фотки... Синот на Цеца ја напушти Србија и се пресели во Русија за да тренира бокс и да ѝ...
Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони ев... „Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Анастасија Ражнатовиќ и сопругот како од модно списание, а таа го возвишува: „Ти си сè што една жена... „Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам... Ти си сè она што една ...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...

Најчитани неделава