Гласини дека и двајцата се хомосексуалци: Стјепан Хаусер за првпат ја коментира врската со Јелена Розга

„Нашата соработка беше феноменална“ – рече Стјепан Хаусер за неговата врска со Јелена Розга. Хрватскиот музичар за првпат се осврна на пропадната свршувачка со пејачката, а откри и како реагирал на гласините дека и двајцата се хомосексуалци.

velea-deka-dvajcata-se-homoseksualci-stjepan-hauser-za-prvpat-ja-komentira-vrskata-so-jelena-rozga-01.jpg

Познатиот виолончелист Стјепан Хаусер (37) кој се прослави како дел од дуото 2 Cellos, беше дел од емисијата „Knjazališta“, каде на еден ден требаше да се вклопи во животот на глува личност.

Во рамки на емисијата, Стјепан Хаусер се осврна на голем број важни мигови од неговиот живот.

glasini-deka-i-dvajcata-se-homoseksualci-stjepan-hauser-za-prvpat-ja-komentira-vrskata-so-jelena-rozga-03.jpg

Така, хрватскиот музичар кој во последните неколку години е мета на критики затоа што постојано ги менува девојките, во емисијата накратко се осврна и на неговата двегодишна врска со Јелена Розга (47).

Стјепан и Јелена долго беа еден од омилените парови во хрватската јавност, а многумина очекуваа дека ќе завршат пред олтар, но, за жал, тоа не се случи.

glasini-deka-i-dvajcata-se-homoseksualci-stjepan-hauser-za-prvpat-ja-komentira-vrskata-so-jelena-rozga-02.jpg

Сега, музичарот врската со Розга ја нарече само „соработка“.

„Соработката ни беше феноменална, траеше две години. Тоа беше прекрасен период од мојот живот и секогаш ќе имам убави сеќавања за нашата соработка.

Се запознавме во West Inn, на настанот Miss Universe. Јас отидов таму да гледам мисици, а тогаш ја видов неа и ми беше подрага од сите мисици и така започна сѐ“ – раскажува Стјепан.

glasini-deka-i-dvajcata-se-homoseksualci-stjepan-hauser-za-prvpat-ja-komentira-vrskata-so-jelena-rozga-06.jpg

Соговорниците не можеа, а да не го прашаат и за гласините дека Јелена и тој се хомосексуалци, а дека врската била маркетинг трик со којшто се обидувале да ја скријат сопствената сексуалност, на што тој одговори:

„Тоа се глупости. Мене тоа тогаш страшно ми одеше на нерви. Затоа што тоа беше вистинска љубов, живеевме заедно две години“ – рече тој.

glasini-deka-i-dvajcata-se-homoseksualci-stjepan-hauser-za-prvpat-ja-komentira-vrskata-so-jelena-rozga-05.jpg

На прашањето дали и денес се во добри односи Стјепан само се насмеа.

За потсетување, Јелена и Хаусер ги изненадија сите кога во 2015-та година признаа дека се во врска. Претходно имаше гласини дека тие двајца се заедно откако пејачката беше забележана на негов концерт во Љубљана.

На почетокот на 2016-та година Стјепан ја запроси Јелена, но на сите прашања за тоа кога може да се очекува свадба одговараа дека ќе останат вечно свршени.

glasini-deka-i-dvajcata-se-homoseksualci-stjepan-hauser-za-prvpat-ja-komentira-vrskata-so-jelena-rozga-07.jpg

За жал, тие двајца не стигнаа до олтар туку се разделија во 2017-та година.

Изјавата на Стјепан за Јелена можете да ја погледнете во следното видео (на 20:40 минута):

Прочитајте и „Женкар, по раскинувањето со Розга ги менува девојките како чорапи“ – Стјепан Хаусер на лош глас откако објави фотки со нова девојка

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонц... Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кош...
Стјепан Хаусер си фати нова млада и атрактивна девојка, но стана мета на потсмев на фановите „Стануваш евтин со своите романси. Нè интересира твоето виолончело, не твоите же...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Иван Босиљчиќ сакаше со неа да ја замени Јелена Томашевиќ – Како изгледа денес балерината со која то... Иван Босиљчиќ и Јелена Томашевиќ две години не беа заедно, а во тој период тој б...
Јелена Карлеуша: „На ова куче некој му ги ампутирал предните шепи, херојски трпи страшна болка, но с... „Запознајте го Алфи. Тој е сега моја грижа. Станува збор за куче кое неодамна е ...
Јелена Карлеуша за роденденот на Душко Тошиќ побегна во Дубаи – Му „се одмазди“ со провокативни фотк... Јелена Карлеуша не присуствуваше на роденденот на сопругот Душко Тошиќ, а откако...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg