Бајага првпат прозборе за алкохолизмот: „Не излегував на сцена без виски“

По бројните пишувања дека во јули 2023 бил на лекување од алхохол, Момчило Бајагагиќ Бајага првпат јавно прозборе на оваа тема. Тој призна дека секогаш во листата на барања што ги имал неговиот бенд стоело и дека на сцената мора да има виски и вода.

bajaga-prvpat-prizna-deka-bil-zavisen-od-alkohol-ne-izleguvav-na-scena-bez-viski-01.jpg

Момчило Бајагиќ Бајага (63), скоро 50 години е дел југословенската музичка сцена. Во ова време за него се зборуваше и пишуваше многу, вклучувајќи ги и шпекулациите дека низ годините користел недозволени супстанции, опијати, алкохол, но и дека бил на клиника за одвикнување од зависности.

Во текот на летото 2023 српските медиуми повторно пишуваа дека Бајага се лекува од алкохолизам, во приватна руска клиника во Земун, но тој тогаш ги демантираше пишувањата.

„Јас сум одлично, супер се чувствувам, никогаш подобро. Веста за моето лекување од алкохолот не е точна. Тоа се подметнати лаги од мојата конкуренција.

Немам проблем со моето здравје. Се чувствувам одлично, се подготвувам да заминам на море, на одмор. Ви благодарам за грижата“, изјавил тогаш Бајага.

bajaga-prvpat-prizna-deka-bil-zavisen-od-alkohol-ne-izleguvav-na-scena-bez-viski-03.jpg

Бајага никогаш не зборувал на оваа тема и ги одбивал новинарските прашања за своите наводни зависности.

Но, сега, во интервју со новинарката Мира Адања Полак, тој направи отстапка и призна дека бил зависен од алкохол.

Во видеото најавата за нејзината емисија „Мира Адања Полак - ексклузивно“, која ќе се прикажува на 22 октомври, новинарката дискретно коментира за тешките моменти од неговиот живот и кариера.

„Знаете што? Јас лично мислам дека вие во една секунда, што е нормално, се изморивте, а потоа на тој замор реагиравте неадекватно“, вели таа.

bajaga-prvpat-prizna-deka-bil-zavisen-od-alkohol-ne-izleguvav-na-scena-bez-viski-05.jpg

На ова, познатиот музичар признава дека на секој негов концерт на бината морало да има виски. 

„Така е. Долг временски период бев изложен на јавноста, а тоа баш и не ми беше многу мило. И во тој момент се обидувате некако да се смирите себеси, да не реагирате лошо.

Секако, многу работи тука можат да ви помогнат и да ви одмогнат.

Така што јас сменив нешто... Eве, претходно во листата за тоа што треба да имаме на бина кога ќе излеземе ни беа вода и Џек Даниелс, а сега се цеден сок од портокал и вода“, вели тој.

bajaga-prvpat-prizna-deka-bil-zavisen-od-alkohol-ne-izleguvav-na-scena-bez-viski-04.jpg

Бајага, освен со пишувањата за алкохолизмот, изминатиов период се најде во центарот на вниманието на јавноста поради разводот со сопругата Емилија, со која беше во брак 33 години.

Брзо по разводот јавноста дозна дека тој има нова девојка, со која беше неодамна фотографиран.

Погледнете го видеото:

Прочитајте и Бајага фотографиран со новата девојка – Како изгледа жената со која е во врска, откако се разведе по 33 години брак?

А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...

Најчитани неделава