Видео од евакуација на авион во Белград – Наместо да бегаат, патниците го земаат багажот

„Оставете го багажот и излезете“ - ги опоменуваат стјуардесите патниците во авионот. Ова се гледа во видеото од синоќешната евакуација на белградскиот аеродром, кога имало дојава за бомба.

ostavete-go-bagazhot-i-izlezete-video-od-evakuacija-na-avion-vo-belgrad-po-dojava-za-bomba-01.jpg

Синоќа (29.02), на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ итно бил евакуиран авион по дојава за бомба. На социјалните мрежи е објавено видео на кое се слуша како стјуардесите се трудат брзо да го спроведат процесот на евакуација, но имале проблем со патниците кои не сакале да се одвојат од својот багаж.

„Спуштете ги појасите. Оставете го багажот и излезете“ – им велат стјуардесите на патниците кои треба да се спуштат со тобогани од влезната врата на леталото.

video-od-evakuacija-na-avion-vo-belgrad-namesto-da-begaat-patnicite-go-zemaat-bagazhot-02.jpg

Еден од присутните патници на Инстаграм објави видео од евакуацијата, кое брзо се прошири на сите социјални мрежи, а во него е јасно видливо дека некои од патниците му давале приоритет на нивниот багаж.

Според информациите на српските медиуми, дојавата за бомба пристигнала околу 19.15 часот, по што патниците веднаш биле евакуирани.

Аеродромот беше затворен за сообраќај сѐ до 22.30 часот, а потоа било утврдено дека дојавата за бомба е лажна.

Инаку, видеото што имаме можност да го погледнеме на социјалните мрежи укажува дека како патници во авиосообраќајот, ни недостасува основна култура и познавање на некои од правилата при летање.

Ова е сосема спротивна слика од она што можеше да се види за време на авионската несреќа што се случи во Јапонија во јануари годинава, кога патнички авион се судри со помало летало на аеродромот Ханеда во Токио.

Тогаш сите 300 патници беа експресно евакуирани од запаленото летало, без багаж во рацете, и ги слушаа упатствата на персоналот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Трагедија во Хрватска: Турски пилот загина во авионска несреќа, 2 месеца откако преживеал друга Во вчерашната авионска несреќа во Хрватска животот го загуби пилот кој пред само...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Авион се запалил по полетувањето од Крф – пилотите принудно слетале во Италија и спасиле 273 патници... Викендов, авион со 273 патници се запалил кратко по полетувањето од Крф. По 40-т...
Туристи оставија хаос во вила во Хрватска, сопствениците згрозени - Столчиња фрлени во базен, купишт... Откако видеото од хаосот стана вирално, јавноста се подели - едни се згрозени од...

Најчитани неделава