Српски туристи снимиле необична магла на плажа на Лефкада – Знаете ли за што се работи?

„Појавата траеше околу половина час“ – велат српските туристи кои го споделија видеото на социјалните мрежи и прашуваат дали некој знае за што се работи. Знаете ли вие?

srpski-turisti-snimile-neobichna-magla-na-plazha-vo-lefkada-znaete-li-za-shto-se-raboti-01.jpg

На социјалните мрежи се објавени фотки и видеа од плажата Катизма на островот Лефкада во Грција, а туристите се збунети од густата магла што одеднаш се надвиснала над нив.

На социјалните мрежи деновиве редовно се објавуваат фотки и видеа од познатите туристички места во Грција каде во моментов престојуваат голем број туристи од Балканот, а присутните на плажата Катизма на Лефкада пред неколку денови успеале да забележат една несекојдневна појава.

На Инстаграм страната Nikana.gr една следбеничка испратила видео на кое е впечатлива густата магла, а накратко појаснила:

„Со оглед на тоа што сме сигурни дека немаше пожар, а дека цел ден имаше бранови и ветер, топол и влажен воздух, верувам дека имаше испарување на солта... И преубаво беше. Дишев како никогаш во животот“...

Маглата на плажата била присутна околу половина час, а на Фејсбук се објавени уште неколку фотки на кои може да се забележи замагленоста.

srpski-turisti-snimile-neobichna-magla-na-plazha-vo-lefkada-znaete-li-za-shto-se-raboti-02.jpg

Додека повеќемина се шегуваат дека некој правел скара на плажата или дека изгорело гирото во близина, оние поупатените велат дека станува збор за ретка метеоролошка појава која е попозната како адвекциска или морска магла.

srpski-turisti-snimile-neobichna-magla-na-plazha-vo-lefkada-znaete-li-za-shto-se-raboti-03.jpg

Оваа магла се јавува како последица на тоа што над морето струи топол воздух кој е со значително повисока температура од темепратурата на водата, па заради тоа доаѓа до кондензација на водата на површината и создавање на магла.

Слична појава беше забележана и во Будва пред неколку години.

Погледнете го видеото оттаму:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Плажата е преполна со луѓе кои се бањаат, сезоната во Грција почна – Како изгледа Калитеа деновиве? ... Летната сезона на грчките плажи е официјално отворена – на Инстаграм кружи видео...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Девојката со крилја од Србија, родена без раце, е бремена вторпат – објави фотосесија со сопругот и ... Инспиративната Србинка која е родена без раце, позната како „девојка со крилја“,...
Милан Калиниќ: „Разводот е тешка работа, но сум против бришење на целиот живот - зошто да ги бришам ... „Отсекогаш сум имал негативен став кон луѓето кои, кога ќе прекинат нешто, го бр...

Најчитани неделава