Никола Роквиќ го трансформираше телото: Симна 7kg, намали 20cm во обем и изгледа како друг човек

„2 години, 300 тренинзи за сила и поминати 6.300km. Исхраната е наука за себе. 95kg vs 102kg. Не чекај, се ближи следниот понеделник, можеш да почнеш и ти“ напиша Никола Роквиќ и објави фотки од трансформацијата на телото.

nikola-rokvikj-go-transformirashe-teloto-simna-7kg-namali-20cm-vo-obem-i-izgleda-kako-drug-chovek-01.jpg

Српскиот пејач Никола Роквиќ на својот Инстаграм објави фотографии од трансформацијата на телото, која успеал да ја направи за околу 24 месеци.

Тој објави две фотографии - едната направена пред 2 години, а другата сега, на која се гледа драстична разлика.

На старата фотка Никола има заоблено стомаче, слаби раце и буцкасти образи.

Но, на новата, рацете му се мускулести, лицето му е ослабено, а стомакот му е дефиниран со мускули.

Во коментарот на Инстаграм, пејачот вели дека разликата е само 7 килограми:

„2 години, 300 тренинзи за сила и поминати 6.300km. Исхраната е наука за себе. 95kg vs 102kg. Не чекај, се ближи следниот понеделник, можеш да почнеш и ти“ напиша Никола.

Пејачот ослабе многу минатава пролет, кога помина преку 1.100km пеш од Белград до островот Егина во Грција, но, сега го врати телото во одлична форма.

Тој оди во теретана, тренира кик-бокс и трча, а има и тренизи за сила.

Иако не откри каков е точно неговиот режим на исхрана, Никола неодамна кажа дека за појадок често јаде овошна салата, за ручек комбинира киноа со зеленчук, а вечерата му е пилешко со салата, но и дека практикува балансирана исхрана од протеини, јаглехидрати и растителни масти.

На овој начин намалил 20cm во обем и голем дел од салото што го имал со години.

Пејачот вели дека се труди да не ги пропушти тренинзите.

Тој често објавува фотки од теретана од хотелите во кои престојува кога е на патување или кога има концерт во друга држава.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Милица Тодоровиќ објави први фотки од синот и ѝ честиташе роденден на мајка си, која најмногу ѝ пома... „Станав мајка во околности кои не се едноставни. Не се ниту црни, ниту бели“, гл...

Најчитани неделава