Вирално видео: Никој не го препозна Ноле - маскиран во комунален работник со брада, се шета низ Тиват

Додека Новак Ѓоковиќ маскиран во комунален работник се шета низ Тиват, минувачите зачудено гледаат во мажот кој личи на бездомник...

viralno-video-nikoj-ne-go-prepozna-nole-maskiran-vo-komunalen-rabotnik-so-brada-se-sheta-niz-tivat-01.jpg

Новак Ѓоковиќ, покажа дека со причина го носи прекарот Џокер поради својата специфична смисла за хумор.

Овој пат, тој прифати да се прошета по шеталиштето во Тиват преоблечен како комунален работник, со запуштена брада и мустаќи и маска на лицето, со канта од боја во рацете, додека телевизиска екипа го снима.

Токму поради ова минувачите беа зачудени кој е мажот кој привлекува толкаво внимание, што дури го следат неколку камермани.

viralno-video-nikoj-ne-go-prepozna-nole-maskiran-vo-komunalen-rabotnik-so-brada-se-sheta-niz-tivat-02.jpg

Видеото стана вирално и се споделува на социјалните мрежи, со коментар дека Ноле е вистински цар.

„Морам да се одморам. Момче, дојди малку, земи го микрофонот“, вели маскираниот Новак и седнува на клупа.

„Леле, кутар јас“, си зборува сам со себе, а потоа се врти кај некој од минувачите и го прашува: „Добар ли си?“ и му крева рака да го поздрави.

Но поради маската, никој сè уште не знае дека тоа е славниот тенисер.

Потоа, Новак ја зема кантата што ја носи во раката, и станува.

„Ајде уште едно прашање и не можам веќе, мора да одам“, вели тој и почнува да се движи по шеталиштето во Тиват.

viralno-video-nikoj-ne-go-prepozna-nole-maskiran-vo-komunalen-rabotnik-so-brada-se-sheta-niz-tivat-03.jpg

Луѓето во негова близина гледаат зачудено во маскираниот маж кого го следат камерите.

Но, во моментот кога Новак почнува да ја вади маската и во раката зема тениски рекет, настанува општо воодушевување.

Нему му приоѓаат дечиња со рекети и тој почнува да игра тенис со нив, а луѓето во нивна близина го поздравуваат со овации и го снимаат.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава