Бора Чорба почина на 71-годишна возраст во болница во Љубљана

По повеќедневна борба со здравјето, во болница во Љубљана, денес почина Бора Чорба, вокалистот на рок групата „Рибља чорба“.

bora-chorba-pochina-na-71-godishna-vozrast-vo-bolnica-vo-ljubljana-01.jpg

Борисав Бора Ѓорѓевиќ, кој е познат како Бора Чорба, ја загуби битката со животот.

На 4 септември 2024, српските медиуми известија дека тој почина.

Точната причина за смртта уште не е позната, но во последниот период повеќе настапи му беа откажани заради лошо здравје, а беше примен во болница во Љубљана заради воспаление на белите дробови, каде бил на кислородна поддршка, а потоа и на респиратор. 

„Бора е уште на респиратор, интубиран, еве веќе 8 дена, во Клиничкиот болнички центар во Љубљана. На интензивна нега е, лекарите даваат сè од себе“ – изјавил менаџерот на Бора за MONDO.rs пред неколку дена.

Легендарниот музичар беше вокалист на рок групата „Рибља чорба“ уште од основањето во 1978 година.

Тој веќе подолг период имаше проблеми со здравјето, а во изминатиот период откри и дека во стиховите на понова песна, тој ја опишувал својата моментална состојба:

„Не ми се допаѓа тоа што стареам. Станувам стара мрза, не живеам, само животарам и страдам од разни болештини“.

Бора умешно го криеше приватниот живот од јавноста, но зад себе, ги остави својата сопруга Дубравка Милаковиќ, синoт Борис, а со нив наводно живеела и ќерката на неговата прва сопруга Драгана.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Српски пејач (88) е во врска со 41 година помлада: „На моите деца не им беше пријатно кога дознаа“ „Сфативме дека сме еден за друг. Ако некој зборува вака или онака, тоа е нивен п...
Синот на Марија Шерифовиќ завршил во болница на летување: „Зеде залет и скокна, моравме на рендген“ „Во Рисан завршивме на ортопедија, во болница, бидејќи скокаше. Имаше залет и ск...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава