„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калиниќ?

„Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборови за него како сосед. Арогантен е и тежок, додека таа е супержена“ – вели еден сосед за Милан Калиниќ. Тие забележале дека нешто чудно се случува од почетокот на годината.

cela-godina-go-krie-razvodot-aroganten-e-i-tezhok-shto-velat-sosedite-za-razvodot-na-milan-kalinikj-01_copy.jpg

Речиси сите српски медиуми се преплавени со информации за разводот на српскиот водител и актер Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра.

Со оглед на тоа што тие не даваат изјави и не коментираат за медиумите, соседите се тие што зборуваат и даваат изјави за тоа што е она што го забележуваат.

Според она што го дознале, Милан од почетокот на годинава веќе не живее во семејниот дом, а се преселил во домот на неговата мајка Боба Којовиќ.

cela-godina-go-krie-razvodot-aroganten-e-i-tezhok-shto-velat-sosedite-za-razvodot-na-milan-kalinikj-02.jpg

Во текот на вчерашниот ден, Милан бил „уловен“ како доаѓа во семејниот дом да го земе помалиот син Вук, а соседите даваат различни изјави за него.

Додека за едни е светец, за други тој е виновен што бракот му се распаднал.

Така, српски Blic ја пренесува изјавата на една сосетка, според која разводот настанал само затоа што неговата сопруга Сандра престанала да му ги премолчува неверствата.

„Во минатото секогаш ги гледавме заедно и беа добро расположени.

Но, јас мислам дека сè додека жената молчи, сè е добро, кога ќе прозбори и ќе забележи некои работи настанува проблем.

Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа.

Немам убави зборови за него како сосед. Арогантен е и тежок, додека таа е супержена“ – вели еден од соседите.

cela-godina-go-krie-razvodot-aroganten-e-i-tezhok-shto-velat-sosedite-za-razvodot-na-milan-kalinikj-03.jpg

Тој вели дека забележал дека Калиниќ веќе подолго време не живее во семејниот дом, затоа што неговиот џип не е паркиран таму, а редовно доаѓа да си ги види децата.

„Доаѓа често со скутерот овде, носи кацига.  Најчесто доаѓа доцна попладне. Седи два, три часа, а потоа го слушам скутерот како си заминува“ – вели соседот.

cela-godina-go-krie-razvodot-aroganten-e-i-tezhok-shto-velat-sosedite-za-razvodot-na-milan-kalinikj-04.jpg

За другите соседи, пак, Милан е тој што постојано е со децата, додека неговата сопруга ја гледале поретко.

„Тој е семеен човек, секој ден доаѓа по децата, можам да кажам дека е грижлив татко.

Што се однесува до неговата сопруга, таа има свој автомобил, излегува од гаражата.

Не ги гледам заедно.

Тој има свој џип и мотоцикл, своја работа, таа има свој автомобил, така што со месеци не сум ги видел да одат некаде заедно“ – вели другиот сосед.

cela-godina-go-krie-razvodot-aroganten-e-i-tezhok-shto-velat-sosedite-za-razvodot-na-milan-kalinikj-05.jpg

Според нив, во зградата досега немало расправии ниту инциденти, па никој не знае со сигурност што се случува со актерот и неговата сопруга.

Инаку, во минатото дел од српските таблоиди пишуваа дека сопругата го изневерувала Милан со сопственик на еден ноќен клуб во Белград, но Милан веднаш ги демантираше информациите и рече дека тоа се „будалаштини“.

cela-godina-go-krie-razvodot-aroganten-e-i-tezhok-shto-velat-sosedite-za-razvodot-na-milan-kalinikj-06.jpg

Засега тој не дава изјави за медиумите околу разводот, но не ги ни демантира информациите, како што тоа го правеше во минатото, кога ќе се појавеше приказна за нивниот наводен развод.

cela-godina-go-krie-razvodot-aroganten-e-i-tezhok-shto-velat-sosedite-za-razvodot-na-milan-kalinikj-07.jpg

Според многумина ова е доказ дека по 18 години, многу е веројатно еден од најскладните српски парови да одлучил да стави крај на бракот.

Прочитајте и Дипломирал за пилот, не верува во гласините за неверства на сопругата - Факти за Милан Калиниќ

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg