Роди 2 деца во 2 години, а ги изненади сите со витката линија – Која е тајната на Марија Микиќ?

„Голем број девојки користат Оземпик, што мислиш ти за тоа?“ Ова прашање отворено ѝ го поставија на пејачката Марија Микиќ, откако синоќа на концерт ги изненади сите со витката линија. Пејачката која во 2 години се породи двапати, откри која е нејзината тајна за да биде во топ форма.

rodi02-deca-vo-2-godini-01.jpg

Српската пејачка Марија Микиќ (32) во последните неколку години беше застапена во медиумите, откако двапати остана бремена во 9 месеци и роди две деца во помалку од 2 години.

Таа отворено зборуваше за долгата борба со неплодност, а потоа не ја криеше радоста што во две години успеа да добие две деца: ќерката Ѓурѓа и синот Милија.

rodi-2-deca-vo-2-godini-a-gi-iznenadi-site-so-vitkata-linija-koja-e-tajnata-na-marija-mikikj-02_1.jpg

Иако, и самата признаваше дека во минатото била критикувана за вишокот килограми, синоќа на настан ги изненади сите, а новинарите пред почетокот на прес конференцијата нагласија дека таа никогаш не била послаба во животот.

rodi-2-deca-vo-2-godini-a-gi-iznenadi-site-so-vitkata-linija-koja-e-tajnata-na-marija-mikikj-02.jpg

Таа гостуваше на концертот на српскиот музичар и кантавтор Ненад Јовановиќ Близанац, а заради тоа што видиливо е ослабната, новинарите отворено ја прашаа која е нејзината тајна за совршена линија.

Марија отворено рече дека по 32 години одлучила да се сети на килограмите.

rodi-2-deca-vo-2-godini-a-gi-iznenadi-site-so-vitkata-linija-koja-e-tajnata-na-marija-mikikj-03.jpg

Нагласи дека цел живот се бори со вишокот килограми, па сега одлучила да води повеќе сметка за исхраната и за вежбањето, но признава дека и обврските околу малите деца, сопругот и кариерата не ѝ даваат да се здебели.

rodi-2-deca-vo-2-godini-a-gi-iznenadi-site-so-vitkata-linija-koja-e-tajnata-na-marija-mikikj-04.jpg

Со оглед на тоа што разликата во изгледот на Марија е толку воочлива, новинарите отворено ја прашаа што мисли за користењето на лекот за дијабетес Оземпик за слабеење, на што таа одговори:

„Познавам луѓе што го користат лекот, но затоа што имаат инсулинска резистенција.

Секој го бира тоа што го сака. Јас сум хипохондрик и се плашам.

rodi-2-deca-vo-2-godini-a-gi-iznenadi-site-so-vitkata-linija-koja-e-tajnata-na-marija-mikikj-06.jpg

Јас сум мајка на две деца и читам сè и сешто.

Подобро е да водам повеќе внимание на исхраната, затоа што од другите опции за слабеење може само да ме боли глава.

Мојата најдобра другарка е нутриционист и таа ми помогна“ – појасна Марија.

rodi-2-deca-vo-2-godini-a-gi-iznenadi-site-so-vitkata-linija-koja-e-tajnata-na-marija-mikikj-07.jpg

Инаку во минатото Марија отворено призна дека ѝ пречело тоа што луѓето се потсмевале на тоа што останала бремена двапати во девет месеци и често добивала критики за телесната тежина и затоа што по бременостите се здебелила.

Погледнете ја целата изјава на Марија во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Српскиот тајкун Жељко Митровиќ се фали со парите - со ќерките и сопругата со приватен џет во Париз с... Жељко Митровиќ сними чудно видео како скока и танцува на раскошниот роденден на ...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Пораснале заедно, реди успеси: Кој е роднината на Јелена Карлеуша што јавно ја брани? „Таа стои зад своите зборови и ставови и поднесува огромна жртва. Секогаш зборув...
Најемотивните објави на Марија Шерифовиќ за синот: „Ти благодарам што дојде да ме научиш повторно да... „Ти благодарам, сине. Ти благодарам што ме учиш на животот. Растеме заедно. И се...

Најчитани неделава