Се огласи мајката на напаѓачот во Загреб: „Тој е емоционално нестабилен, го молев докторот да не го пушта од болница“

Во изјава за хрватските медиуми, мајката на 19-годишниот напаѓач од Загреб вели дека нејзиниот син требало да лежи во психијатриска болница, но докторот го пуштил. Додава и дека пред пет години, син ѝ учел во училиштето каде што го изврши нападот.

se-oglasi-majkata-na-napagjachot-vo-zagreb-go-molev-doktorot-da-ne-go-pushta-od-bolnica-toj-e-emocionalno-nestabilen01.jpg

По нападот со нож што се случи утрово во Загреб, едно дете почина, додека една наставничка и уште тројца ученици се во болница со повреди.

Во болница е и напаѓачот кој се повредил самиот.

Првично се мислеше дека напаѓачот има 15-тина години, но сега хрватските медиуми пишуваат дека станува збор за 19-годишно момче.

За 24 Sata, се огласи и мајката на напаѓачот која вели дека син ѝ имал проблеми со менталното здравје.

Вели, слушнала што се случило, но ни самата не ги знаела сите информации.

„Ми кажаа дека напаѓачот е мојот син. Утрово татко му го однесе во дневна болница во девет часот, пак почна да оди во тие дневни болници.

Беше на психијатар неколкупати. Пред месец и пол, ме затвори мене и мајка ми во станот, ни ги зеде мобилните, клучевите и пак заврши во Јанкомир (психијатриска болница во Загреб).

Тогаш молев докторот да не го пушта од болница бидејќи не е за надвор. Тој е емоционално нестабилна личност, покрај тоа има две дополнителни дијагнози...

Докторот ладнокрвно го пушти од болницата за ние да се грижиме за него.

Синоќа спиевме во страв, направивме сè што можеме за да го спасиме тоа дете.

(Утрово) тој очигледно ја напуштил дневната болница, зел нож и направил што направил.

Не знам зошто го направил тоа, тој учеше во тоа училиште пред пет години. Не знам која е причината. Слушнав дека и самиот се избодел“, гласи нејзината изјава.

Според понови информации, повредената учителка имала 62 години, а ова била нејзината последна генерација пред да се пензионира.

Моментално се наоѓа во животна опасност и е на интензивна нега.

Според неофицијалните информации на Jutarnji List, повредени се три деца и двајца возрасни, а повреден е и напаѓачот.

Починатото дете е на возраст од седум години.

Повторно од неофицијални извори, Jutarnji List пренесува дека најверојатно учителката пробала да го спречи нападот на ученикот, па тогаш била повредена.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Милица Дабовиќ, која призна дека е спремна на сè за пари, ќе се мажи за кумот на Дарко Лазиќ: „Среќн... „Зафатена сум, сакана сум и верена сум“ – одговори Милица дрско на обожавател, о...
Мајката праќала вулгарни пораки на синот, за таткото бараат 15 години затвор - Крај на судењето на р... За таткото се бара максимална казна затвор, а прочитани се и пораки што си ги ис...
Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...

Најчитани неделава