Цел живот љубеше само една жена, поради смртта на брат му не славел роденден: Факти за легендарниот Драган Николиќ

Не е познато точно која година го изгубил брат му, но наводно, оттогаш Драган престанал да слави роденден.

„Живеевме низ улиците на Белград, немаше компјутери, сами си измислуваме игри. На мене огромно влијание имаше мојот постар брат Мирослав, кој денес е починат.

Ми беше животен учител“, е една од ретките изјави на Драган за неговиот брат.

Драган почнал да забележува проблеми со здравјето додека го снимал филмот Turneja во 2008 година.

Според неговите колеги, бил мошне таинствен и иако било очигледно дека не се чувствува добро, ги замолил сите да не кажуваат ништо.

Малку се знае за здравствената состојба на актерот и како напредувала болеста.

Во 2014 година бил примен во болница поради проблеми со дигестивниот систем, а неколку месеци подоцна бил и опериран.

Состојбата нагло му се влошила кон средината на 2015-та и наводно тогаш имал проблеми со белите дробови.

Актерот закрепнал и извесен период се чувствувал добро.

Но, кон крајот на јануари 2016-та, здравствената состојба повторно му се влошила.

Според некои српски медиуми, актерот имал и дијабетес што дополнително го отежнало оздравувањето.

По тешко боледување, актерот почина на 11-ти март 2016-та, на 72 годишна возраст.

А, зад себе Драган Николиќ остави огромно наследство.

Со филмови како KozaraBalkanski špijun, па и Zona Zamfirova, Драган беше двигател на филмската индустрија и уште долго ќе важи за можеби најдобриот актер од својата генерација.

Прочитајте и: Љубов каква што веќе не постои, сплотени 45 години – Факти за бракот на Милена Дравиќ и Драган Николиќ

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...

Најчитани неделава