74-минутен молк со македонски знамиња во Белград – Почит за настраданите во Кочани и жртвите во Нови Сад

„Така се прави тоа! А не со посета на интензивна нега“ – коментираат Србите под видеата кои покажуваат дека нашите соседи се солидаризираат со болката која ја чувствуваме и оддадоа почит кон жртвите во Кочани пред македонската амбасада во Белград.

75-minuten-molk-so-makedonski-znaminja-vo-belgrad-pochit-za-nastradanite-vo-kochani-i-za-zhrtvite-vo-novi-sad-01.jpg

Денес (18.03.2025) во Србија е прогласен ден на жалост за трагичниот пожар кој се случи во Кочани, кој досега одзема 59 млади животи.

Пред македонската амбасада во Белград, имаше организиран собир за оддавање почит, кој започна точно во 11.52 часот, времето кога се случи несреќата во Нови Сад, кога падна натстрешница на железничка станица и однесе 14 животи.

Кликнете на видеото за да го погледнете:

На поменот за настраданите деца, се одржа 74-минутен молк – 60 минути за настраданите во Кочани и 14 минути за жртвите во Нови Сад.

„Да дадеме помен на настраданите деца и да бидеме со нашите браќа кога им е најтешко. Солидарност“ – стои во објавите за собирот.

Знамињата се спуштени на пола копје, а пред македонската амбасада во Белград има толпа народ, кои положуваат цвеќиња, палат свеќи и држат македонски знамиња во знак на солидарност.

Србите покажаа голема хуманост, откако по известувањето дека во нивната земја се пренесени голем број пациенти кои беа повредени во пожарот, многумина понудија секаков вид на помош – од сместување за семејствата, до парична помош, превоз и храна.

Повеќе фотки и видеа од собирот во Белград:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна ... Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац...
Ги става децата врз шпорет со влечки, вика со наплив на емоции – Бившиот на Марија Микиќ во посета н... Додека Марија Микиќ има настапи на море, нејзиниот бивши се врати од Дубаи во се...
Босанка споделува: „Опинци за 150 евра се хит тренд во Шведска“ „Бевме модерни, а не бевме ни свесни“, „Сè сме правеле први“ шеговито коментираа...
„Во животот мора да настрадаш, да го допреш дното - за да сфатиш што е важно“: Емотивна исповед на Ј... Од 2021-ва таа е разделена со сопругот, а ова вели дека е најболната работа што ...

Најчитани неделава