„Од Аргентина се преселив на Балканот во име на љубовта - дали се покајав?“
- Детали
- недела, 04 мај 2025
„Во 2019 година запознав едно момче од Бања Лука. Ме праша дали некогаш можам да си замислам да живеам таму. Љубезно се насмевна и реков „секако“. Години подоцна, не само што живеам овде, туку и апсолутно уживам…“
Денис е жена од Аргентина која на својот Инстаграм профил „Balkatinos“, каде има повеќе од 40.000 следбеници, открива каков живот води една жена од странство која живее на Балканот, поточно во градот Бања Лука, Босна и Херцеговина.
Бања Лука е вториот по големина град во Босна и Херцеговина, се наоѓа покрај реката Врбас и има околу 220.000 жители.
Оваа Аргентинка го споделува своето искуство како странец кој се адаптира на балканскиот начин на живот, културата и семејните вредности.
На нејзиниот Инстаграм профил таа откри каков всушност Балканот ѝ станал дом.
Нејзината објава гласи:
„Во 2019 година запознав едно момче од Бања Лука...
Ме праша дали некогаш можам да си замислам да живеам таму.
Љубезно се насмевнав… и веројатно реков „секако“.
Бев многупати на Балканот претходно, но никогаш во градот покрај реката Врбас.
Години подоцна, не само што живеам овде, туку и апсолутно уживам во животот тука.
Тешко беше да си замислам каде ќе ме одведе животот, по сите тие аеродроми, кога ќе решам да се сместам на едно место.
Бог имал планови за мене, и пресреќна сум што неговиот најголем план беше да започнам живот тука. Да создадам семејство!
Кога го изговарам гласно, сè уште ми звучи нереално: на свет донесов една бањалучанка (мислам на мојата ќерка, се разбира)...
Животот овде е истовремено мирен и динамичен.
Многу ме потсетува на мојот дом, а сепак е единствен на свој начин... таков што не можам да го споредам со ниедно друго место каде што сум била.
Бескрајно сум горда и среќна што мојата ќерка е родена тука.
Што нејзината приказна започнува во овој топол, зелен град.
Што нејзините први сеќавања ќе бидат полни со реки, дрвја и со толку голем фокус на семејните врски.
И едно прекрасно детство, токму какво што треба да биде.
Бања Лука, ти благодарам што ме изненади.
Ти благодарам што стана дом за оваа ‘дојденка’.“
На следната страница таа открива како се запознала со саканиот...
Би можело да ве интересира:





