„Од Аргентина се преселив на Балканот во име на љубовта - дали се покајав?“
Нејзината исповед за саканиот гласи:
„Јас сум жив доказ дека животот може да тргне во сосема различен правец за миг, и дека плановите што си ги имал може да се променат без многу отпор.
Кога вистинската личност е покрај тебе, сè станува сосема лесно.
Одлучив да дадам оставка од работата како стјуардеса во годината кога го запознав Јован, едноставно ми беше преку глава од летање.
Но, кога го запознав згодниот Балканец, ми рече дека наскоро ќе си го сменам мислењето.
И, се разбира, го сменив - за помалку од една недела.
Најшармантниот и најромантичниот маж на светот ја сретна најскептичната и најмалку романтична жена што постои.
Прееекрасна комбинација.
Не знам како, но некако, несвесно, веќе му имав кажано ДА на животот покрај него уште пред да ме запроси.
Осум месеци откако се запознавме, тој го постави прашањето.
Пред да кажам да, го прашав дали е нормален.
Толку сум благодарна што почека еден ден после Свети Валентин да ме запроси.
Немаше да му го простам тоа (ако беше на Свети Валентин)!
И тогаш животот се смени... ох, се смени навистина!
На начини кои никогаш не ги замислував и на начини кои никогаш не би ги променила.
Дури и ако тоа вклучува да играм оро од време на време“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





