Саша Ковачевиќ се појави на настан со девојката по подолго време – тој елегантен, Зорана со сменет имиџ
- Детали
- среда, 07 мај 2025
Саша Ковачевиќ се појави во светло одело, додека неговата сакана Зорана во тесен црн фустан, но таа ги изненади сите со бојата на коса. Некогашната бринета, сега е русокоса... Како изгледа подобро?
Зорана Тасовац и Саша Ковачевиќ со години важат за еден од најубавите, но и најхармонични парови на српската јавна сцена.
Убавата бринета, по разводот од Богдан Срејовиќ (кој потоа беше во врска со Цеца), среќата ја пронајде со Саша, кој нејзината ќеркичка Искра ја засака како своја.
Саша постојано споделува фотографии и видеа од заеднички мигови со малата Искра.
По подолго време Саша се појави на настан во Белград со саканата Зорана, која ги изненади сите со промена на имиџот.
Иако со години беше бринета, со долга и права коса, сега Зорана е русокоса.
Зорана со новата боја на коса изгледа сосема поинаку, а мислењата за тоа дали направила добар избор се поделени.
Инаку тие се појавија на настанот по повод големиот јубилеј на продукцијата „Мелос естрада“, која одбележа 35 години постоење, работа и соработка со најголемите имиња од српската естрадна сцена.
Настанот беше организиран од познатиот естраден менаџер Бане Обрадовиќ.
Саша на неговиот Инстаграм профил објави видео од настанот и напиша:
„Големо задоволство ни е што бевме дел од оваа прекрасна прослава. На мојот драг Бане, како и на Мелос естрада, им посакуваме уште многу убави и успешни години. Со вас славењето секогаш е посебно“.
Како вам ви се допаѓа новиот имиџ на Зорана Тасовац?
Кликнете на видеото од настанот:
Повеќе постари фотографии од парот на следната страница...
Би можело да ве интересира:





