Жена што произведува чевли со моќна поука: „Не сум доволно богата за да купувам евтини работи“

„Имав прекрасно детство и исклучително скромно растење, и една реченица што моите родители постојано ја повторуваа кога купуваа некои поважни работи беше: „Не сум доволно богат/а да купувам евтини работи“ и навистина ми беше нејасна, сè досега...“, вели Ана Поповиќ од Србија. Се согласувате ли?

ne-sum-dovolno-bogat-a-da-kupuvam-evtini-raboti-se-soglasuvate-li-so-frazava-01.jpg

Ана Поповиќ од Србија има свој мал бизнис за изработка на чевли. Вели дека нејзиниот бренд се родил во Њујорк, а израснал во Белград.

На својот Инстаграм профил, каде има повеќе од 64.000 следбеници, често ги споделува своите изработки, но и забавни приказни од секојдневието.

ne-sum-dovolno-bogat-a-da-kupuvam-evtini-raboti-se-soglasuvate-li-so-frazava-09.jpg

Сега, таа споделува еден разговор кој ја довел до мудра поука, која многу одамна ја имала слушнато од нејзините родители.

Нејзината објава гласи:

„Имав прекрасно детство и исклучително скромно растење и една реченица што моите родители постојано ја повторуваа кога купуваа некои поважни работи беше:

„Не сум доволно богат/а да купувам евтини работи“.

Тогаш таа реченица не ми беше баш најјасна, но со текот на времето почна да ми одѕвонува во глава секогаш кога ќе изберам квалитет, наместо квантитет.

И ден денес, секогаш се сеќавам на нив и на тоа едноставно правило, кое всушност е лекција за цел живот.

ne-sum-dovolno-bogat-a-da-kupuvam-evtini-raboti-se-soglasuvate-li-so-frazava-03.jpg

Пред неколку дена бев кај мојот стоматолог Маја, и пред да ви ја раскажам оваа приказна, морам да ви објаснам каква царица е Маја и веднаш да ви кажам дека ова не е платена реклама за стоматолошки услуги!

Целото мое потесно и пошироко семејство оди кај Маја веќе со години поради нејзината неверојатна стручност, но всушност најмногу одиме кај неа затоа што е толку насмеана, позитивна, духовита и неверојатно комуникативна, што секоја посета завршува со смеа до солзи.

Сега, замислете што се случува за време на една класична посета на стоматолог - седите на столчето, и таа ви поставува некое прашање, а вие одговарате само со самогласки затоа што не смеете да ја затворите устата.

Токму во една таква ситуација се случи овој разговор меѓу нас и ви го пренесувам во целост:

Маја: „Леле, Анчи, цело време сакав да те барам да ти кажам – бев минатиот викенд на една свадба и ги носев оние твои црни лакирани чевли, знаеш на кои мислам?“
Јас: „Аха, знам...“

Маја: „Леле, човече, се обидував да се сетам кога точно ги купив и се сетив - ПРЕД ТОЧНО 10 ГОДИНИ!

Се сеќаваш кога беше твојата прва промоција пред да се вратите назад за Америка - купив два пара. Веруваш ли дека чевлите не мрднаа! Сè уште се исти! Лакот е ист, не се ни поместил – неверојатно!“

ne-sum-dovolno-bogat-a-da-kupuvam-evtini-raboti-se-soglasuvate-li-so-frazava-02.jpg

Јас: „Ах, баш ми е драго!“

Маја, се оддалечува од мене и ме гледа со сериозен поглед:

„Анчи, 10 години траат! Дали е реално?! Човече, па тоа и не е баш добро за твојот бизнис!“

Почнувам да умирам од смеа, затоа што никогаш во животот никој не ми рекол дека квалитетот на моите чевли е всушност ‘проблем’!

Се сетив на фразата од моите родители: „Не сум доволно богат/а да купувам евтини работи“.

Можеби е време оваа реченица повторно почесто да се слуша.

Се согласувате ли со фразата?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Зошто си купив стан во Валенсија, наместо во Белград?“ Моја пријателка е во потрага по стан во Скопје и тоа е буквално сценарио од хоро...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg