„Не е точно дека е бремена, но сакам да имаме дете“ - Саша Ковачевиќ искрен откако по 8 години ја запроси девојката
- Детали
- сабота, 15 ноември 2025
„Ние сме свршени речиси осум години, откако се запознавме. Ништо не се промени по свршувачката, функционираме како порано. Се надополнуваме одлично, а кога таа е зафатена со Искра и училиштето, јас ‘ускокнувам’ во кујната“, рекол Ковачевиќ и открил дека нема да застанат пред олтар наскоро.

Саша Ковачевиќ, кој по 8 години врска конечно ја побара за сопруга својата девојка Зоран Тасовац, вели дека не брза со свадбата.
Саша пред еден месец објави видео како клекнува на колено пред Зорана со огромен свршенички прстен на плажа во Грција, но и покрај тоа, парот засега нема планови да застане пред олтарот.
„Не брзаме за свадба. Не сакам да планирам вакви работи и сакам да се случат спонтано, а не да бидат лажни“, вели Саша.

Во едно од своите последни интервјуа, Ковачевиќ откри дека животот им е убав и без потпис пред матичар и дека нема потреба да брзаат.
„За мене, тоа е чин што едноставно ја обележува една врска, но ние сме свршени речиси осум години, откако се запознавме.
Ништо не се промени по свршувачката, функционираме како порано. Се надополнуваме одлично, а кога таа е зафатена со Искра и училиштето, јас ‘ускокнувам’ во кујната.

Суштината на сè е да пронајдете партнер кој ви одговара во повеќе основи.
Не треба да брзате и да создавате семејство по секоја цена, зашто на сите ни се случуваа таа некоја заљубеност во првата година, тогаш сите сме луди.
Но, треба да изедете вреќа сол. И некој да ја изеде таа сол со вас. Да видите дали си одговарате еден на друг“, рекол Саша.

Тој одговори и на прашањето дали се точни насловите во некои медиуми дека Зорана е бремена и дека тој наскоро ќе стане татко.
„Би сакал да е така, но за сега не. Копнеам по тој момент и сите што ме познаваат знаат дека сакам деца.
Каде и да одам, со деца губам половина час“, додал тој.

Пејачот, иако нема биолошко дете, многу е близок со Искра, ќерката на Зорана од првиот брак.
Тој за девојчето вели дека му е како ќерка и постојано обавува фотки и видеа со неа.

Прочитајте и Саша Ковачевиќ по 8 години клекна на колено и ја запроси саканата: „Ти си мое денес и утре“
А. Ј. | Црнобело
