Сара Јо, една од ретките српски пејачки без пластични операции, блеска на плажа на Малдиви (фото)
- Детали
- четврток, 29 мај 2025
„Сè на мене е природно, и задникот, и сè. Опкружена сум со луѓе меѓу кои се цени природноста. Од друга страна, немам предрасуди кон пластичните операции“, изјави Сара Јо во една пригода.
Пејачката Сара Јовановиќ, позната како Сара Јо (31), отпатува на Малдиви со пријателки, од каде што објави низа фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.
Сара Јо во една пригода за српските медиуми изјави дека никогаш не се подложила на естетски операции.
Tаа е една од ретките природни српски пејачки.
„Сè на мене е природно, и задникот, и сè.
Опкружена сум со луѓе меѓу кои се цени природноста. Од друга страна, немам предрасуди кон пластичните операции“.
Инаку, таа има живеено во Рим, а назад во Белград се преселила во 2009 година.
Во Белград завршила гимназија, а потоа се запишала на Филолошкиот факултет, на студии по италијански јазик.
Во една пригода таа изјави:
„Во Рим живеев до својата шеснаесетта година, со пауза помеѓу осмата и единаесеттата.
Во Белград се вративме со семејството официјално во 2009 година.
Во тие години во Рим се создадоа многу убави спомени. Се сеќавам на дружби по паркови, прошетки, детски домашни журки...
Во основно, а и во средно училиште имав феноменално друштво. Со повеќето од тие пријатели сè уште сум во контакт, а многумина од оние од Рим беа мои гости во Белград“.
Сара Јо на Малдиви:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





