Почина пијанистот Матија Дедиќ, синот на Арсен Дедиќ - славните со последно збогум по ненадејната смрт

„Матија… Оваa вистина, оваа болка, како грд сон… Нереално… тешко…“, стои во емотивната објава на Калиопи за ненадејната смрт на 52-годишниот Матија Дедиќ, кој важи за еден од најдобрите џез музичари во регионот.

estradata-se-zboruva-od-pijanistot-matija-dedikj-sinot-na-gabi-novak-i-arsen-dedikj-po-nenadejnata-smrt01.jpg

Хрватскиот пијанист и композитор Матија Дедиќ, кој важи за еден од најдобрите џез музичари во регионот, почина вчера (08.06) на само 52-годишна возраст.

Дедиќ, кој е син на пејачите Арсен Дедиќ и Габи Новак, наводно починал ненадејно, но хрватските медиуми уште немаат споделено причина за смртта.

Неговото семејство, пак, моли за приватност во овие тешки моменти.

estradata-se-zboruva-od-pijanistot-matija-dedikj-sinot-na-gabi-novak-i-arsen-dedikj-po-nenadejnata-smrt-4.JPGфото: Инстаграм

Како син на музичари, талентираниот пијанист почнал да се занимава со музика од многу рана возраст.

По завршување на средното училиште, се запишал на Академијата за Џез во Грац, Австрија, за потоа да се врати во родната Хрватска и да почне да гради мошне успешна кариера.

Низ годините, настапувал во скоро сите земји во Европа, како и во САД, а ја делел сцената со некои од најпознатите џез музичари во светот.

Тој пишуваше и музика за театар и телевизија, а има настапувано и со познати имиња од хрватската поп сцена, а минатата година напиша песна за Здравко Чолиќ.

Неговиот татко Арсен Дедиќ почина во 2015 година, додека мајка му Габи Новак, пред неполн месец зборуваше за него.

Тој период, хрватската пејачка беше на рехабилитација поради повреда на ’рбетот, но не навести дека син ѝ имал некакви проблеми со здравјето.

„Болна сум, имам некоја настинка, па лежам, но се лекувам, оди на подобро, како што е планот. Уште имам проблем со ’рбетот, а овде сум (во болница) бидејќи не сакам да го оптоварувам своето семејство…

Мојот Матија работи и патува, снаата исто така работи, внукот Лу студира…“ – изјави Габи за хрватските медиуми.

estradata-se-zboruva-od-pijanistot-matija-dedikj-sinot-na-gabi-novak-i-arsen-dedikj-po-nenadejnata-smrt-05.JPGфото: Инстаграм

За ненадејната смрт на талентираниот пијанист се огласија бројни колеги на Матија од Хрватска и регионот, вклучувајќи ја и Калиопи.

„Матија… Оваа вистина, оваа болка, како грд сон… Нереално… тешко…“, стои во описот на објавата.

Џибони сподели песна од Матија на Јутјуб, со емотивен опис:

„Мили мој дечко, ние кои се нарекувавме браќа…

Ти благодарам за душата, топла и племенита. Ти благодарам за годините пријателство, искрено и ретко. Ти благодарам за музиката брате.

Повторно ќе се сретнеме, таму некаде каде што прстите ги допираат клавишите, помеѓу шепот и тишина“.

Хрватската пејачка Дорис Драговиќ сподели само црнобело фотографија од музичарот.

estradata-se-zboruva-od-pijanistot-matija-dedikj-sinot-na-gabi-novak-i-arsen-dedikj-po-nenadejnata-smrt-02.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина таткото на Марија Шерифовиќ: „Мојата омилена бараба... Направи многу проблеми, сè му простив“ „Мојот татко. Мојата омилена бараба. Знам дека Господ сака такви и дека те чека ...
Почина вдовицата на Халид Бешлиќ, 8 месеци по смртта на пејачот - Синот се прости со емотивни зборов... Со црнобела фотографија од двајцата родители, направена во болница и една од пос...
Важи за најзгоден српски фраер, зад себе има развод и борба со алкохол - Кој е пејачот Владан Савиќ? Со кореографијата на концерт, каде 7 девојки го расоблекуваат до боксерки, фронт...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
Мистериозна смрт, кариерата му ја лансираше Јелена Карлеуша - Кој е српскиот фризер кој почина на 43... Едни тврдат дека „закачил“ бактерија на патувањето во Занзибар, а тој брзо пред ...
Почина Габи Новак (89) - Срцето не ѝ издржа по смртта на синот, последните денови ги помина во дом з... Габи Новак, вдовицата на Арсен Дедиќ и една од најпознатите дами на хрватската п...

Најчитани неделава