Србин за девојката (19) што загина при парасејлинг во Будва: „Паничните напади не се наивни - ги имам и јас“
- Детали
- четврток, 12 јуни 2025
„Имав паничен напад пред некој ден и ја сфаќам девојката што настрада. Кој знае каков ирационален страв ѝ се појавил во главата, за кој ни самата не знаела дека постои. И во тие моменти, единственото нешто што сакаш е да се ослободиш, да побегнеш, да се спасиш..“, пишува српскиот писател Стефан Симиќ и споделува свое трауматично искуство од детството.

Стефан Симиќ, писател од Србија, го коментира случајот кој го потресе регионот, а за кој пишуваа медиумите од цел свет. Случајот од 28.05 кога 19-годишна Србинка загина во Будва, откако падна во морето за време на парасејлинг.
Таа самата го одврзала безбедносниот појас, а се претпоставува дека станувало збор за паничен напад. Паднала во водата од висина од 50 метри и загинала.
Прочитајте и Трагедија во Будва: Србинка (19) загина за време на парасејлинг – сама го одврзала безбедносниот појас

На оваа тема Стефан вели:
„Пред неколку дена настрада една драга девојка, од Нови Сад, бидејќи доживеала напад на паника додека била на парасејлинг во Будва.
Се одврзала, без рационална причина, и паднала од огромна височина.
Во еден момент почнала да се одврзува, што се гледа и на снимката - ги вади заштитните ремени од себе.
Не се занимавав со тој случај, а потоа, пред некоја вечер, и самиот доживеав нешто слично, само во помала мера.

Доживеав напад на паника во театар.
Доаѓам опуштено на претстава,
седам на балкон, сè како што треба, сцената е долу, а јас над неа.
Во еден момент чувствувам како да ќе паднам,
заштитната ограда е многу ниска, можеби до колена — доволен е еден неконтролиран чекор и веќе си долу.
Почнувам да се потам,
сè што ми беше пред очи беше падот.
Гледам — ако паднам, каде ќе паднам, дали ќе повредам некого.
Се фаќам за металниот дел од столчето за да не „одлетам“,
и така се држам цврсто неколку минути.

Непријатно ми е од двајца непознати луѓе што седат до мене,
целосно ја губам концентрацијата на претставата, секоја мисла ме влече надолу.
Не можам да ги одвлечам мислите.
Гледам, зад мене — столче. Брзо станувам, го вртам погледот од сцената,
седнувам неколку метри подалеку.
Овој момент ми донесе толкаво олеснување,
како кога ќе преживееш некоја тешка несреќа.
Сигурно никој никогаш не паднал оттаму, а таму седеле десетици илјади луѓе.
