Глумеше во „Не дај се, Нина“, се породи на 40 години – Што прави денес една од најатрактивните српски актерки?

Доби дете на 40 години, таткото на синот го крие од јавноста, зборуваше дека не била подготвена за породување по природен пат, а уште се занимава со глума – што прави и како изгледа денес српската актерка која ја глумеше Патриција во серијата „Не дај се, Нина“?

glumeshe-vo-ne-daj-se-nina-se-porodi-na-41-godina-shto-pravi-denes-edna-od-najatraktivnite-srpski-akterki-01.jpg

Се сеќавате ли на хрватската верзија на „Грдата Бети“? Се викаше „Не дај се, Нина“, а беше хит и кај нас кога се емитуваше пред повеќе од една деценија.

Главните улоги ги толкуваа хрватски актери, но меѓу нив беше и српската русокоса Бојана Ординачев, која се прослави со серијата, но се има појавено и во неколку други проекти.

glumeshe-vo-ne-daj-se-nina-se-porodi-na-41-godina-shto-pravi-denes-edna-od-najatraktivnite-srpski-akterki-02.jpg

Таа и денес изгледа речиси исто, со својот препознатлив изглед и понекогаш малку променет имиџ, па важи за една од најатрактивните српски актерки.

Приватниот живот се труди да го држи што е можно подалеку од очите на јавноста - партнерот со кој е повеќе од една деценија, вешто го крие и ретко го покажува на фотографии, па ретко кој знае нешто за него.

„Не сум тип на личност која својот приватен живот ќе го изложи на тацна, ниту пак имам таков партнер.

Согласни сме дека мојата работа, што подразбира јавен настан и присуство на јавни случувања, е нешто што нема да има врска со нашето семејство.

Неговата професија е различна, медиумите не го интересираат, ниту го радува нешто поврзано со фотографирање“ – откри таа неодамна во интервју за Story, пренесуваат медиумите

Со партнерот Бојана има син, кој го доби во својата 41-ва година, a одвреме-навреме објавува фотки и видеа од слатки моменти со детето.

Момчето денес има 3 години, а актерката за него избрала уникатно и ретко име – Најда.

Во една прилика таа има зборувано и за породувањето, но и за психичката подготвеност:

„Моето породување беше предвидено за 38-мата недела со царски рез, но на бебето му се брзаше и дојде на свет во 36-та недела по целосно природен пат.

Не бев психички подготвена дека тоа ќе се случи на тој начин, но имав поддршка од прекрасна докторка и се породив за 20 минути, па го памтам како најубаво искуство“ - пренесуваат српските медиуми

Како изгледа Бојана денес:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Прва изјава на Цеца: „Си отидов ден пред да се породи Анастасија, тие нека слават, јас едвај чекам д... „Јас сум богата жена. Одлично се и Анастасија и внукот. Морав да се вратам од Шп...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава