Јелена Ѓоковиќ слави роденден со семејството во луксузниот стан – ќеркичката Тара ја направила тортата

Ноле ги прегрнува сопругата и децата, сите носат роденденски капи, тортата ја направила малата Тара – Јелена Ѓоковиќ го прослави 39-тиот роденден покрај саканите, во луксузниот стан од 2 милиони евра.

jelena-gjokovikj-slavi-rodenden-so-semejstvoto-vo-luksuzniot-stan-kjerkichkata-tara-ja-napravila-tortata-01.jpg

Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, го прослави својот 39-ти роденден.

На Инстаграм таа објави семејна фотка со сопругот и двете деца, Стефан и Тара, чии лица ги покри со емотикони.

На фотографијата тие позираат со роденденски капи, додека Ноле ги држи во прегратка, а се подготвуваат за дување свеќички.

Славеничката е среќна и насмеана покрај најсаканите, а носеше маица со тема инспирирана од серијата „Friends“, на која пишува „Онаа во која Јелена го слави својот роденден, а Тара ѝ направила торта“.

Со ова таа откри дека роденденската торта е направена од ќеркичката, а истата е украсена со шлаг, чоколатца и шарени бонбони.

Српските медиуми, пак, пишуваат дека наводно семејството Ѓоковик го слави роденденот на Јелена во нивниот луксузен стан од 2 милиони евра, кој се наоѓа покрај море во Херцег Нови.

Инаку, можеби многумина не знаат, но тенисерот е една година помлад од сопругата, а тој минатиот месец наполни 38 години.

Минатото лето тие прославија 10 години љубов, погледнете го видеото кое тогаш го објави Јелена по тој повод:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Јелена Розга за здравствените проблеми: „Шеќерот знае да ми ‘полуди’ додека сум на бина - морам да ј... „Ме ставија на терапија. Всушност, имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘по...
Јелена Карлеуша го пријавила Душко Тошиќ во полиција среде ноќ + Сите нејзини пријави за насилство к... Јелена Карлеуша го пријавила поранешниот сопруг Душко Тошиќ поради упад во вилат...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...
Јелена Розга е мета на критики откако изјави: „Не ги разбирам убавите девојки кои се 'унаказуваат' с... „Не ги разбирам тие девојки кои се навистина преубави, имаат сè совршено, убав н...

Најчитани неделава