Јелена Карлеуша го врати стариот Инстаграм со 2.4 милиони следбеници (по 5 месеци) - Кој е Турчинот што ѝ помогна?
- Детали
- петок, 27 јуни 2025
Последната објава ѝ беше во февруари, а вчера првпат по толку време си го врати профилот и објави нови фотки. Кој е дечкото што ѝ помогна? Карлеуша јавно му се заблагодари и го нарече „Кралот на Турција“...

Пејачката Јелена Карлеуша успешно го врати својот Инстаграм профил со повеќе од 2.4 милиони следбеници, по пет месеци борба.
По гаснењето на нејзиниот профил на 10 февруари 2025 година, Карлеуша отвори нов, кој исто така беше деактивиран во еден момент.

Иако правилата на Мета и Инстаграм дозволуваат само привремено деактивирање до 30 дена, таа сепак успеа да го врати оригиналниот профил по цели пет месеци, што е невообичаено.

Своето враќање го одбележа со објава на неколку фотографии од неодамнешен настап во Белград и порака:
„Дали ви недостигав?!“
Причината за гаснењето на профилот не беше официјално објаснета, но Карлеуша неколкупати најавуваше враќање преку Фејсбук и X (поранешен Твитер), но неуспешно, сè досега.
Со ова таа повторно е една од највлијателните јавни личности на Инстаграм од Балканот.

Но, кој ѝ помогна во оваа?
Таа јавно му се заблагодари на еден дечко од Турција.
Станува збор за Kaдир Сенли од Турција. Всушност, тој е човекот што ѝ помогна на Јелена да го врати својот Инстаграм профил и таа го нарече „Кралот на Турција“.

Тој на Инстаграм има 60.000 следбеници и во описот му стои дека наоѓа решенија за секаков тип на проблеми со блокирани и избришани профили на социјалните мрежи, каков што беше случајот со Карлеуша.


С. С. | Црнобело