Српската пејачка Марија Микиќ среде скандал, со автомобил се упатила кон луѓе што протестираат - за да си ги земе децата

Таа објави и видео во кое вели:

„Морам да се огласам на оваа тема.

Она што јас го доживеав и преживеав беше навистина нечовечки, тоа можам да го кажам во најмала рака.

Секој што ме познава, знае дека јас сум личност што носи насмевка и радост.

Морам да се огласам поради сè за што ме обвинуваат.

Стигнав до контејнерите, како што гледате на сите видеа што се апсолутно монтирани. Замолив да се поместат еден метар лево бидејќи морам да одам по децата кај дадилката.

Одеднаш сите почнаа да викаат, да го удираат автомобилот, да го тресат.

Една девојка легна пред мојот автомобил, друга снимаше како, наводно, се обидувам да ја прегазам.

Тогаш полудев затоа што тоа не е вистина. Еден човек ми рече: ‘Сега ти текна да одиш по децата...’

Ти, човече, кој и да си, не знаеш зошто сега одам по децата, каде сум била, каков ми е животот и дали има некој друг што може да ги земе децата.

Тоа ме скрши. Затоа излегов за да се расправам.

По моите деца нема да удирате.

Ниту нечие дете сум прегазила. Ниту кон некого сум се залетала.

Никогаш не сум делела луѓе по ништо.

Две возила пред мене беа пуштени да поминат. Застанав само да прашам дали и јас можам да поминам.

Само одев по своите деца, кои беа проколнувани и на кои им посакуваа смрт“.

srpskata-pejachka-marija-mikikj-srede-skandal-so-avtomobil-se-upatila-kon-lugje-shto-protestiraat-za-da-si-gi-zeme-decata-04.jpg

Кликнете на видеото:

Инаку, неодамна Марија Микиќ го прослави својот 33-ти роденден, но без сопругот до неа.

Прочитајте и По гласините дека се разведуваат и го напуштил домот, сопругот на Марија Микиќ јавно ѝ изрази љубов: „Не си сама“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
Скандал со смрт на милениче (по посета на салон за груминг) крена прашина во Србија - се огласи и Ма... „Мојата Тили почина. Почина поради грубите раце на човек кој требаше да се грижи...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Марија Шерифовиќ на одмор со синот – носат исти шорцеви на плажа, јаде домашна компир манџа „Какво море и луксуз без компир манџа“ – напиша Марија на фотографијата од тради...

Најчитани неделава