Американец се вљуби во Балканот и си купи куќа во шума за 5.000 евра - ја реновира сам и e хит на Инстаграм (видео)

Џастис Рид од САД ја има посетено и Македонија, а откако Балканот му стана дом си купи евтина куќа среде шума и сега ја реновира од корен. Забавни детали за процесот споделува на Инстаграм...

amerikanec-se-vljubi-vo-balkanot-i-si-kupi-kukja-vo-shuma-za-5-000-evra-video-01.jpg

Џастис Рид од САД, кој веќе неколку години живее и патува низ земјите од поранешна Југославија, е познат по своите видеа во кои ги споделува искуствата од Балканот на Инстаграм.

Но, неговиот последен потфат го претвори во вистинска интернет сензација.

amerikanec-se-vljubi-vo-balkanot-i-si-kupi-kukja-vo-shuma-za-5-000-evra-video-05.jpg

На идеја од пријател, за само 5.000 евра купил напуштена куќа длабоко во шумата во Загорје – без струја, без вода, па дури и без нормален пат дотаму.

Инаку, Загорје е живописен регион во северозападна Хрватска, познат по ридест пејзаж, вински лозја и бањи, со население од околу 300.000 жители.

amerikanec-se-vljubi-vo-balkanot-i-si-kupi-kukja-vo-shuma-za-5-000-evra-video-02.jpg

Патот до оваа евтина куќа бил авантура сам по себе, но обраснатата шумска патека и непристапниот терен не го обесхрабриле. Напротив, решил да започне авантура.

„Ова ќе биде лудо лето“, најави тој во првото видео, започнувајќи серијал што секојдневно го следат милиони корисници.

amerikanec-se-vljubi-vo-balkanot-i-si-kupi-kukja-vo-shuma-za-5-000-evra-video-03_copy.jpg

Рид секојдневно го снима напредокот во обновата на куќата, а неговите видеа привлекоа огромно внимание – некои имаат и милиони прегледи.

Следбениците со воодушевување го коментираат секој негов чекор, а многумина признаваат дека тој им е „позитива на интернет“.

Џастис ја има посетено и Македонија.

Прочитајте и Американец што го обожава Балканот дојде во Скопје и пееше песна од Тоше: „Ако сте од Македонија, ова е за вас“ (видео)

Иако, на почетокот на куќата почнал да работи сам, со тек на време почнале да му помагаат соседите од блиските села.

amerikanec-se-vljubi-vo-balkanot-i-si-kupi-kukja-vo-shuma-za-5-000-evra-video-04.jpg

Пред да стане интернет ѕвезда на Балканот, Рид работел како автомеханичар, а за својата професија снимал видеа на социјалните мрежи уште во 2021 година, каде прикажувал како поправа стари автомобили.

Животот му се променил откако објавил видео за легендарното Југо 45, по што му се јавиле луѓе од Балканот, кои и го поканиле да дојде.

Тој долго пееше балкански песни и снимаше видео содржини за Балканот од САД, но потоа комплетно се пресели тука.

Денес, вели дека Балканот го доживува како свој дом. Најмногу ја сака едноставноста на животот, природата, ќебапите и најважното - луѓето.

„Гостољубивоста и топлината што овде ги доживеав не можам да ги споредам со ништо друго“, вели Рид.

Прочитајте и Американец не може да ѝ одолее на нашата храна - јаде гравче тавче, наздравува со ракија во Скопје (видео)

Погледнете дел од неговите видеа околу реновирањето на куќатa (кликнете на видеата):

Повеќе видеа од процесот на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Куќа од 390 квадрати вредна 1,3 милиони евра - Северина купи нов дом во елитна населба во Загреб Хрватската ѕвезда Северина наскоро ќе го напушти пентхаусот во Загреб, каде што ...
Koлку милиони има заработено Душко Тошиќ + Какви луксузни имоти поседуваат со Карлеуша? Душко Тошиќ во периодот од 2015 до 2020 година заработил неверојатни 18 милиони ...
Чини 5 милиони евра, има 2.000 огледала - Српскиот „бог на веѓите“, кој наплаќа по 600 евра, се пофа... Самонаречениот „бог на веѓите“, Адам Адактар, кој своевремено откри дека за 600 ...
На Мирослав Илиќ му се доволно 3.000€, Аца Лукас скромен со 1.200€ - Колку троши српската естрада ме... „Живеам сосема нормално, како повеќето луѓе. Имам трошоци, комуналии, храна и су...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...

Најчитани неделава