Наводно има долгови, живее нов живот во Дубаи – Што прави бившиот на Марија Микиќ, по разводот и солзите за ќерка му?
- Детали
- среда, 30 јули 2025
Точно пред да објават за разводот, тој сподели снимка на која танцува со ќерка му и плаче за збогум, на Марија ѝ порача да го бара ако сака уште едно дете, а моментално е во Дубаи и работи на трансформација на себеси додека таа беше на одмор со децата – бившиот на Марија Микиќ е во центарот на вниманието, а таа сега повторно е во болница.

По долгото шпекулирање дека Марија Микиќ се разведува од сопругот Јован Пантиќ, кој наводно само беше на службен пат, на почетокот на јули пејачката потврди дека решиле да се разделат.
Тие се разделија пријателски, а разводот се случи без посебни драми, со договорена поделба на имотот, а куќата од соништата која ја купија пред 3 години ѝ припадна на Марија и двете деца кои ги има со него.
Прочитајте повеќе: Ѕирнете во домот од 500.000 евра, кој ѝ припадна на Марија Микиќ по разводот: „Тој беше свесен дека на децата им треба стабилност“
Пред да ја објават веста, двајцата заедно го прославија роденденот на ќерката Ѓурѓа и си докажаа дека можат успешно да се справат со родителството заеднички, иако повеќе не се во брак.

Јован тогаш објави снимка на која танцува со ќерката и на моменти е со солзи во очите, веројатно заради збогувањето од семејниот дом и заедничкиот живот, а ѝ напиша и емотивна посвета.
Погледнете го видеото:
Откако официјално потврдија дека веќе не се заедно, пејачката минуваше подолг период со децата на одмор во Црна Гора, а Јован престојува почесто во Дубаи, но и тој не пропушта прилика да сподели моменти со нив.
