Наводно има долгови, живее нов живот во Дубаи – Што прави бившиот на Марија Микиќ, по разводот и солзите за ќерка му?

Во меѓувреме тој ги возеше во винтиџ автомобил и им пееше песни, кои многумина ги поврзаа како да се посветени на Марија, а споделува и фотки и видеа од нив, но направени од нивната мајка, која моментално е со нив на море.

Прочитајте повеќе: Марија Микиќ, по разводот, на Острог со децата, па бившиот сам ги вози во винтиџ автомобил без клима и пее љубовни песни

Видеото кое Јован го објави од синот Милија, на кое тој јаде портокал на море во скутот на својата мајка, а во опис таткото напиша:

„Кој ќе каже дека личи на мене, го носам на пијачка. Направен од Тата. Милија“.

Нивните обожаватели не пропуштаат шанса на секоја објава да им напишат дека им биле омилен пар и дека многу би сакале да се смират.

Тие посебно ги разгореа гласините за смирување, откако на фотка која Марија ја објави од Ѓурѓа, Јован ѝ напиша во коментар: „Јави се ако сакаш уште едно“.

Прочитајте повеќе: „Јави се ако сакаш уште едно дете“ - Сопругот на Марија Микиќ со хит коментар на нејзина објава, среде развод

Моментално тие се во фокус на медиумите и во јавноста будно им се следи секој чекор.

Додека Марија уживаше на одмор со децата, српските медиуми пишуваа за Јован, дека наводно има проблеми со бизнисот за чорапи кој веќе не му оди како што треба, шпекулираат дека има долгови, па дури и дека бил виден со друга девојка, за што нема докази, но и дека пробува да сврти нов лист како на лично, така и на кариерно поле.

Тој сега е во Дубаи, од каде објави фотки од своето фит тело, на чија трансформација очигледно работи напорно заедно со личен тренер.

„Без дисциплина, нема успех“ – напиша тој во описот на објавата.

Според последните објави кои Марија ги сподели овие два дена, таа од одморот во Црна Гора, итно заминала во Истанбул на уште една операција на гласните жици и рече дека заради сите случувања периодов, закрепнувањето од претходните операции не одело како што треба, па ситуацијата се влошила. 

Сега таа е добро и очекува наскоро да биде добра, иако најавува дека ја очекува тежок период. 

navodno-ima-dolgovi-zhivee-nov-zhivot-vo-dubai-shto-pravi-bivshiot-na-marija-mikikj-po-razvodot-i-solzite-za-kjerka-mu-.jpg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Му роди син на додека тој беше со Софи Мило, сега има уште две деца со друг маж – Што прави бившата ... Софија Мило беше обвинета дека му го растурила семејството на Лука кој на 22 год...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Марија Микиќ по гласините дека е со бившиот на море: „Не сме заедно, му праќам фотки од децата – тоа... „Како измисливте дека сме заедно на море? Јас на својот поранешен сопруг редовно...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg