Најпознатата Србинка на Инстаграм, по Јелена Карлеуша - има 1.9 милиони следбеници, се фали со раскошниот животен стил
- Детали
- сабота, 09 август 2025
Го носи и епитетот „Србинка со најбујно деколте“, а на Инстаграм постојано се фали со скапите хотели и брендираните парчиња облека. Која е Џена Џеновиќ од Белград?

Јелена Карлеуша откако успеа да го врати својот Инстаграм профил, повторно ја има титулата најследена Србинка на оваа мрежа со 2.3 милиони следбеници, но која Србинка се наоѓа на второто место?
Тоа е Џена Џеновиќ (38), која има 1.9 милиони следбеници.

Таа е родена во Белград, најстара е од четири сестри, во 1993 со семејството се преселила во Германија, а во 1999 во САД.

Започнала да се занимава со моделинг на само 14‑годишна возраст, а се има појавено во списанија како Maxim, FHM, GQ, CKM, Esquire, вклучувајќи и насловна на Maxim Serbia во 2013.

Го носи и епитетот „Србинка со најбујно деколте“, а на Инстаграм постојано се фали со раскошниот животен стил, скапите хотели и брендираните парчиња облека.

На нејзиниот профил на LinkedIn пишува дека желбата за успех ја наследила од своите родители, дека во училиште била многу заинтересирана за спорт, била успешен ученик и дипломирала на Универзитетот во Арлингтон, Тексас.



