Ана Николиќ претепана од партнерот, објави вознемирувачки кадри со повреди и крв: „Ми ја скрши слепоочницата“
- Детали
- понеделник, 25 август 2025
До расправијата дошло во нивната куќа на Авала, Белград, а тие наводно се скарале поради љубомора и нерасчистени финансиски односи. „Викајте Брза помош, луѓе ве молам. Ми тече крв од сите страни, не можам повеќе да зборувам, целата сум во модринки, сосема сум претепана...“, вели Ана во вознемирувачкото видео на Инстаграм.

Ана Николиќ во изминатите години постојано е среде скандали, но тие како особено да зачестија во последниов период.

Таа особено го привлекува вниманието со скандалите со нејзиниот партнер композиторот Горан Ратковиќ – Рале, па од љубоморни испади на настапи до тепачки и конфликти, тие постојано се во српските медиуми.

Пред извесен период по медиумите се прошири вест дека пејачката Ана Николиќ била претепана, а кружеше и видео од неа со повреди, но таа негираше и според српскиот магазин „Курир“, скандалот го започнал нејзин поранешен близок пријател, кому Ана му пратила видео од лицето по естетски третман уште пред две години.
Тогаш Ана целосно застана во одбрана на саканиот.
Но, сега таа јавно во видео на Инстаграм откри дека тој сега навистина ја претепал, а потоа осамнаа и видеа од неа во српските медиуми направени пред Ургентен центар.

До расправијата дошло во нивната куќа на Авала, Белград, а тие наводно се скарале поради љубомора и нерасчистени финансиски односи.
Пејачката сега се огласи на својот Инстаграм профил и сподели вознемирувачко видео на кое се гледаат рани по лицето и телото, а на маичката има крв.


Пејачката на видеото се фаќа за глава, очите ѝ се полни со солзи, лелека и вели:
„Фала му на Господ што се ослободив од тебе.
Викајте го брат ми, мајка ми, викајте ја полицијата, Брза помош... Човекот ме претепа, ми ја скрши слепоочницата, ми пушти крв, ми го затвори окото.
Викајте Брза помош, сите луѓе, ве молам. Ми тече крв од сите страни, не можам повеќе да зборувам, целата сум во модринки, сосема сум претепана...
Повеќе со очи не сакам да го видам“.
