Девојче (5) каснато од поскок во Хрватска речиси ја изгубило ногата: Што да првите ако ја видите опасната змија, што ја има и кај нас?
- Детали
- четврток, 04 септември 2025
Поскокот е најопасната змија не само во Македонија, туку и во Европа. Но, добрите вести се дека овие змии не се агресивни и напаѓаат само ако чувствуваат закана. Исто така, постои и противотров кој е мошне ефикасен. 5-годишно девојче доживеало хорор на одмор на островот Хвар.

Во Македонија, како и Балканот воопшто, нема многу отровни змии, но сите сме слушнале за озлогласениот поскок.
Оваа змија, позната и како камењарка, живее во јужниот дел на Европа, Балканот, како и делови од Блискиот Исток, а важи за најопасната не само во Македонија, туку и во Европа.
Токму ваква змија го претворила одморот на семејство во Хрватска во вистински кошмар.
Минатиот петок (31.08) 5-годишно девојче од Украина било каснато од поскок на хрватскиот остров Хвар.
Девојчето и родителите биле на плажа на околу осум километри од градот Хвар.
„За време на ручекот, ќерка ни си играше со другарчиња во близина на бар на плажата, на неколку метри од нас.
Одеднаш дотрча и ни кажа дека ја каснала змија, не ни се веруваше“, раскажува мајката за хрватскиот медиум 24sata.
Девојчето веднаш почнало да повраќа и да губи свест, а ногата на местото каде што било каснато почналa да отекува.
„Сопственикот на барот веднаш повика брза помош. За да бидеме побрзи, тој нè однесе со својот автомобил до автопатот, па таму се префрливме во возило за брза помош кое нè однесе до хеликоптер, а потоа во болницата во Сплит“, раскажува мајката.
За време на потресното патување кое траело нешто помалку од еден час, девојчето постојано повраќало и губело свест.
Штом пристигнале во болница, на девојчето веднаш му бил даден противотров, но мајката открива дека ги предупредиле дека може да настанат компликации со ногата.
Состојбата на девојчето се подобрила, но отокот на ногата не се повлекувал.
„Ни кажаа дека постои сериозна опасност да ја изгуби ногата. Следното утро лекарите ме повикаа и ми кажаа дека треба да се направи итна операција“.
Операцијата била успешна, а потоа била направена уште една, за затворање на раната. Девојчето е во болница, а мајката вели дека иако е спасено, уште чувствува силна болка.
„Тешко ми е да ја гледам. Целата нога ѝ е со шевови, уште прима инфузија и антибиотици. Но, лекарите направија чудо. Ѝ го спасија животот, но и ногата. Бескрајно сум им благодарна“.