Девојче (5) каснато од поскок во Хрватска речиси ја изгубило ногата: Што да првите ако ја видите опасната змија, што ја има и кај нас?

Како што спомнавме, поскокот е најопасната змија во Европа поради нејзините долги заби, но и јачината на отровот.

Овие змии се лесно препознатливи бидејќи на врвот на носот имаат рокче.

devojche-5-kasnato-od-poskok-vo-hrvatska-rechisi-ja-izgubilo-nogata-shto-da-prvite-ako-ja-vidite-najopasnata-zmija-vo-evropa-07.JPG

Достигнуваат должина до 95 сантиметри, иако во просек имаат должина од околу 85 сантиметри.

Оваа змија се нарекува и камењарка бидејќи обично живее во предели со карпи и камења, каде нема многу зеленило. Сепак, можат да се најдат на рабови на шумски предели, како и на места каде што има луѓе, поточно на места со обработливо земјиште, лозја, градби со камени ѕидови...

Главно оваа змија е активна во текот на денот, но може да се забележи и ноќе.

devojche-5-kasnato-od-poskok-vo-hrvatska-rechisi-ja-izgubilo-nogata-shto-da-prvite-ako-ja-vidite-najopasnata-zmija-vo-evropa-02.JPG

Поскокот важи за најотровната змија во Европа и кај луѓето веднаш се забележува реакција по каснување.

Покрај симптомите што ги опишува мајката, се чувствува силна болка, има промена на бојата на кожата на каснатото место, а се јавува и вртоглавица и трнење на екстремитетите.

Ако забележите поскок, важно е никако да не ја провоцирате змијата.

Добрите вести се дека овие змии не се агресивни и ќе пробаат да нападнат само ако чувствуваат закана.

Кога ќе ја здогледате, не ѝ се доближувајте, не ја вознемирувајте и полека оддалечете се од неа.

devojche-5-kasnato-od-poskok-vo-hrvatska-rechisi-ja-izgubilo-nogata-shto-da-prvite-ako-ja-vidite-najopasnata-zmija-vo-evropa-04.JPG

Доколку змијата сепак ве касне вам или некој друг, важно е веднаш да повикате брза помош. Не пробувајте да го „цицате“ отровот како во некои холивудски филмови бидејќи од ова нема апсолутно никаков ефект и може само да ја влошите ситуацијата.

„Лекот“ за каснување од поскок е противотров и затоа треба веднаш да викнете брза помош.

Секако, најдобро е да избегнувате места каде што може да ја начекате змијата или ако сепак мора да одите (на пример на лозје) бидете особено внимателни.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Спасено 4-годишно девојче од Македонија на грчка плажа - доктори херои од Србија спречиле трагедија „Бев во водата со син ми, кога во еден миг видов како родители изнесуваат девојч...
Александра Пријовиќ нуди 5.000€ за дадилка на децата - Што треба да прави таа за астрономската плата... На неколку недели пред породувањето со второто дете, српската пејачка и нејзинио...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Бившата снаа не ја заборава свекрвата: Во какви односи е Адријана Лима со мајката на Марко Јариќ? По разводот со Марко Јариќ, Адријана Лима има нов сопруг и трето дете, но во как...
Гласини за неверство, го отследи од Инстаграм - Дали по 11 години „пукна“ врската на Реља и Николија... „Анита рече дека сек*от со Реља бил невидено добар и дека се виделе 3 дена пред ...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...

Најчитани неделава