Му дојде пола естрада, пее за неколку пријатели кога си отиде публиката - Саша Ковачевиќ одржа концерт за паметење во Белград
- Детали
- среда, 17 декември 2025
„Што прави Саша Ковачевиќ кога ќе одржи извонреден концерт, ќе ја испрати публиката и кога ќе се изгасат светлата? Се враќа на сцената со најблиските пријатели и уште долго им свири на клавир и пее со нив. Е, тоа, луѓе драги, звучи и изгледа вака“ - напиша Иван Босиљчиќ, кој беше еден од многуте луѓе од естрадата што беа гости на концертот на српскиот музичар.

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ вчеравечер го одржа првиот од двата распродадени концерти во „Сава центар“ во Белград.
Ова е прв ваков голем концерт на Саша во неговата долгогодишна кариера, па пејачот не ја криеше својата возбуда.

Од првиот ред го бодреа мајка му, брат му, свршеницата Зорана со нејзината ќеркичка Искра, но и многу колеги музичари и пријатели.
А меѓу нив беа и Александра Пријовиќ, која стана и играше во голем дел од концертот, Милица Павловиќ, Сергеј Четковиќ, Иван Босиљчиќ со сопругата Јелена Томашевиќ, Бака Прасе и многу други.
Иако пееше повеќе од два часа, откако публиката си замина и се изгасија светлата во салата, Саша се врати на бината, седна на клавирот и почна да свири и пее, придружуван од неколку свои пријатели.

Видео од „афтерпартито“ на концертот, Саша сподели на својот Инстаграм, но видео објави и Иван Босиљчиќ.
„Најскапото видео во новиот телефон. Еве што прави Саша Ковачевиќ кога ќе одржи извонреден концерт, кога ќе ја испрати публиката и кога ќе се изгасат светлата - се враќа на сцената со најблиските пријатели и уште долго им свири на клавир и пее со нив. Е, тоа, луѓе драги, звучи и изгледа вака“ - напиша Иван.
Кликнете да го погледнете видеото:
Прочитајте и Се засрами од новинарите, даде прва изјава - Свршеницата на Саша Ковачевиќ блесна на неговиот концерт во Белград
А. Ј. | Црнобело