Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна магија

Не е тајна дека еден од најдобрите српски кошаркари на сите времиња, Владе Дивац, и неговата сопруга Ана, по двата биолошки сина, посвоија девојче, Петра, која уште како мало дете дознала дека тие не ѝ се биолошки родители...

poznati-srbinki-koi-se-posvoeni-edna-kje-go-nasledi-pola-belgrad-druga-tvrdi-deka-i-frlale-crna-magija-01.jpg

Многу деца растат без своите биолошки родители, далеку од семејството во кое се родени. А меѓу оние кои се посвоени во Србија, има и бројни познати личности.

Некои од нив отворено зборуваат за посвојувањето, други ја открија својата животна приказна.

Кои се познатите Србинки кои биле посвоени и кои, и покрај нивната тажна приказна на почетокот, сепак успеале во животот.

Мина Костиќ

Пејачката Мина Костиќ е една од оние кои најотворено зборуваат за своето потекло. Не е тајна дека била посвоена како дете, но низ годините нејзината приказна за семејството што ја посвоило, се менуваше неколкупати, а пејачката призна дека лажела и дека розовата приказна што ја повторувала во медиумите со години не е вистина.

Мина прво тврдеше дека нејзината биолошка мајка родила 10 деца и дека поради нивната тешка финансиска состојба, била принудена да ги даде на посвојување, а дека таа не ѝ замерува што го направила тоа.

Костиќ, наводно била посвоена и израсната од Дуда Ивановиќ, тетката на раперот Иван Ивановиќ Ѓус, со кого Мина беше во реалното шоу „Фарма 2“, а со кого подоцна сними и дуетска песна.

Пејачката тврдеше дека живеела како принцеза покрај, сега веќе, починатата Дуда.

poznati-srbinki-koi-se-posvoeni-edna-kje-go-nasledi-pola-belgrad-druga-tvrdi-deka-i-frlale-crna-magija-05.jpg

Но, во последните години, Мина тврди дека истата жена ѝ го загорчила животот, фрлила црна магија врз неа и ѝ го одзела целиот недвижен имот.

„Морам јавно да кажам сега, и ќе излезам најголема лажливка, но се надевам дека луѓето ќе ме разберат.

Дуда никогаш не ме посвои легално, сè беше исценирано. Сакаше да си ја „качи“ цената за луѓето да мислат дека е добра личност.

Ја сакав како мајка. Речиси ги оттурнав моите браќа и сестри од мене, ја слушав слепо. Таа не ме посвои на хартија.

И не е вистина дека на 5-годишна возраст отидов кај неа, таму бев само понекогаш, а почнав да живеам со неа дури на 19 години.

За сето тоа време живеев дома. Сите десетмина спиевме на подот.

Татко ми пееше многу добро и беше фин човек, работеше во градска комунална фирма.

Мајка ми беше домаќинка со нас десет деца. Се мачевме, бевме сиромашни, но се снаоѓавме и сите бевме чесни“, рекла таа.

Иако е родена во муслиманско семејство, Мина се преобрати во православка и денес често истакнува дека нејзината вера во Бога ѝ помогнала во тешките времиња.

poznati-srbinki-koi-se-posvoeni-edna-kje-go-nasledi-pola-belgrad-druga-tvrdi-deka-i-frlale-crna-magija-06.jpg

Ема Цептер

Ема Цептер е посвоена ќерка на најмоќниот Србин, Филип Цептер. Таа често објавува фотки со нејзиниот татко, со кого е особено приврзана.

Нејзините родители денес имаат богатство кое се проценува на 3 милијарди евра, а низ цела Европа, како и во голем дел од Белград, имаат бројни недвижности и бизниси, поради што локалните медиуми често пишуваат дека Ема ќе го „наследи половина Белград“.

За Ема велат дека е скромна девојка. Таа неодамна првпат ги спомнала јавно своите биолошки родители и рече дека воопшто нема потреба да ги запознае.

„Многу сум благодарна на родителите што ги имам, кои отсекогаш биле тука за мене“, вели таа.

poznati-srbinki-koi-se-posvoeni-edna-kje-go-nasledi-pola-belgrad-druga-tvrdi-deka-i-frlale-crna-magija-10.jpg

Нејзината мајка, Мадлен, претходно зборувала за нејзиното посвојување:

„Таа влезе во нашите животи еден декемвриски ден во 2000 година и веднаш се смести во нашите срца каде што отвори простор што претходно го немаше.

Убаво е кога човек може да се реализира како деловен човек, потоа да стане родител, а уште поубаво е кога може да исправиш неправда и наместо болка да создаде љубов. Мене и првото и второто ми се случија.“

poznati-srbinki-koi-se-posvoeni-edna-kje-go-nasledi-pola-belgrad-druga-tvrdi-deka-i-frlale-crna-magija-13.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Теа Таировиќ се омажи за возачот - познати Србинки кои ги заведоа своите вработени Љубовта не бира ни време ни место, ниту пак професионален ангажман, а неколкупоз...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Девојка се удавила во Црна Гора додека правела селфи – „за влакно“ избегната и друга трагедија со дв... Вчера во Црна Гора млада девојка се удавила, откако голем бран ја повлекол во мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg