Познати Србинки кои се посвоени - Една ќе го наследи „пола Белград“, друга тврди дека ѝ фрлале црна магија
Петра Дивац
Ќерката на познатиот кошаркар Влада Дивац, Петра, постојано искрено пишува за сопствениот живот во својот блог, а нејзините исповеди често оставаат силен впечаток кај читателите.
Таа живее на релација Србија - Америка, и иако е ќерка на познати родители, не сака да го користи своето презиме за да помине полесно во животот.
Не ја интересираат гламур, скапа облека и ноќни излегувања - преферира мотори и сака да поминува време со семејството.

А за фактот дека е посвоена, вели:
„Луѓето често ме прашуваат какво е да имаш две мајки и двајца татковци. Немам по двајца родители, ги имам само мајка ми и татко ми. Луѓе кои ме одгледале и ме направиле независна, интелигентна и силна девојка.
Имам и биолошка мајка, жена која ме родила и на која ќе ѝ бидам вечно благодарна за фактот што денес сум опкружена со вистинските луѓе.
Не знам ништо за жената која ме родила, а не знам ништо ни за биолошкиот татко и не сум во контакт со нив.
Би сакала да ги запознаам еден ден, но не брзам. Често се прашувам дали личам на еден од нив и дали имам некои од нивните карактеристики“.

Сораја
Една од најпознатите ријалити ѕвезди од овие простори, старлетата Сораја Вучелиќ, чие вистинско име е Сара, поминала дел од својот живот во згрижувачко семејство.
Бидејќи ја изгубила мајка си како дете, пораснала во дом за напуштени деца, а подоцна била префрлена во згрижувачко семејство.
Дури подоцна во животот воспоставила комуникација со својот татко.
Родена е во Книн во 1986 година, а нејзината мајка Анка била исфрлена од куќата од своите родители кога дознале дека е бремена, бидејќи не се согласувале со нејзиниот избор.

Иако прво се преселиле во Бар, Анка немала со што да ја издржува, па ја испратила во згрижувачко семејство во Војводина.
Поради растојанието, средбите меѓу мајката и ќерката не биле можни, па по неколку месеци, Анка ја сместила Сораја во дом за напуштени деца во Бијела.
Кога Сораја имала 17 години, Анка се разболела и починала, а старлетата решила да се пресели во Белград и таму да се бори за себе.
Јавноста ја запозна преку реалното шоу „Големиот брат“ во 2011 година, кое го искористи како отскочна штица во животот.
Денес е во брак со богат Русин кого го крие од јавноста.

А. Ј. | Црнобело
