„Те молев, ти се заканував“ - Пријателка на братот на Дарко Лазиќ со емотивна објава за него, пред погребот

„Мајмуне. Ми рече да не те викам така затоа што мајмунот е попаметен од тебе, а јас ти велев, ти зборував, те молев, ти се заканував...“, ја започнува емотивната објава Бранка Милошевиќ, пејачка и добра пријателка на прерано починатиот Драган, кој загина во несреќа со мотоцикл.

te-molev-ti-se-zakanuvav-prijatelka-na-bratot-na-darko-lazikj-so-emotivna-objava-pred-pogrebot-01.jpg

Пејачот Дарко Лазиќ денес (13.06) го погребува својот брат, Драган Лазиќ (32), кој трагично загина на 11 март во сообраќајна несреќа со мотоцикл кај Шабац.

te-molev-ti-se-zakanuvav-prijatelka-na-bratot-na-darko-lazikj-so-emotivna-objava-pred-pogrebot-12.jpg

Ова е најтажниот ден во животот на пејачот, а Дарко со сопругата Катарина прво беа во домот на неговиот брат, па на местото кое ќе биде негово вечно почивалиште, каде се и српските медиуми.

te-molev-ti-se-zakanuvav-prijatelka-na-bratot-na-darko-lazikj-so-emotivna-objava-pred-pogrebot-11.jpg

Прочитајте и Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ?

Српските медиуми ги пренесуваат зборовите на скршениот Дарко:

„Да го испратам мојот батко како што треба“.

te-molev-ti-se-zakanuvav-prijatelka-na-bratot-na-darko-lazikj-so-emotivna-objava-pred-pogrebot-03.jpg

Инаку, со многу потресни зборови, пред погребот, од Драган Лазиќ се прости и неговата колешка и пријателка - пејачката Бранка Милошевиќ, која сподели нивна заедничка фотографија.

Таа се фокусира на стилот на живот на Драган, кој бил воден од страст, импулсивност и желба за возење мотоцикли и за кој таа самата често го предупредувала.

te-molev-ti-se-zakanuvav-prijatelka-na-bratot-na-darko-lazikj-so-emotivna-objava-pred-pogrebot-02.jpg

Таа откри дека биле добри пријатели, а веста за неговата смрт многу тешко ја поднела.

Бранка му посвети емотивна објава на Драган:

„Мајмуне. Ми рече да не те викам така затоа што мајмунот е попаметен од тебе, а јас ти велев, ти зборував, те молев, ти се заканував...

Се сакавме, се гушкавме, се каравме, се мразевме, се поддржувавме...

Бевме како нокт и прст, а понекогаш далечни како два универзуми.

Идиоту, лута сум, знаеш кога сум јас лута. Знам дека не сакаш кога сум лута, тогаш ни ти не можеш да се смееш, затоа што те мрачам, и го чувствуваш тоа иако ништо не ти кажувам.

Будало, секогаш ти велев – Бог ти дал сè, а само памет не... Толку сум лута.

Не требаше вака, ми вети дека ништо нема да ни се случи, дека сме неуништиви. Толку сум лута!“

Прочитајте и „Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна сопруга и 2 ќерки

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Братот на Немања Гудељ се смири со бившата девојка, по наводната врска со атрактивна српска пејачка ... Папарацо фотографите го уловија со атрактивната пејачка Ема Радојко, но тој не ј...
Спиел со преку 350 жени, има деца со 3 од нив - Кои се најголемите љубови на Дарко Лазиќ? Една го обвини дека ја малтретирал, друга, наводно, го остави поради неверство, ...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
Братот и снаата на Теодора Џехверовиќ сите пари ги вложиле во Дубаи, мајката вели: „Им реков да се в... „Тој ризикуваше кога се пресели, ги вложи сите пари што ги имаше. Јас пробувам с...
Дарко Филиповиќ по аферата на сопругата Македонка, со негов другар и разводот: „Не се женам пак“ „Ако не ѝ е срам, нека ви ја каже вистинската причина. Долго време ме изневерува...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...

Најчитани неделава