Николина Пишек се смири со свекорот, кој ѝ забрани да влезе во станот во Белград каде што живееше со починатиот сопруг
- Детали
- вторник, 24 март 2026
Најголемиот спор меѓу хрватската водителка и таткото на нејзиниот починат сопруг се водеше околу станот од 400 квадрати, во елитната белградска населба Врачар. Иако живеела таму 10 години, свекорот ја избркал вечерта по погребот на Видое Ристовиќ, а ѝ забрани и да дојде на неговиот помен на првата година од смртта.

Познатата хрватска водителка Николина Пишек во 2022 година остана вдовица, кога нејзиниот сопруг, српскиот историчар на уметноста Видое Ристовиќ, почина ненадејно.
Во тоа време прво се пишуваше дека Видое починал од срцев удар додека бил на масажа, а потоа имаше и тврдења дека жената со која бил не била масерка, туку љубовница и дека тој ја изневерувал Пишек.

Но, брзо по погребот на Видое, почнаа и проблемите на Николина, а најголем удел во тоа имаше нејзиниот свекор, таткото на Видоје, Виктор, познат како Миша Гроф.
Иако тие беа заедно на погребот и се држеа рака под рака, наводно, уште истата вечер кога Видое бил погребан, Виктор ги избркал Николина и нејзината ќерка од станот на Врачар во кој водителката 10 години живеела со сопругот.
Тој не сакал да ѝ даде никакво наследство, тврдејќи дека Хрватката била со неговиот син само за пари.

По ова, почнаа јавни навреди, медиумска војна и судски тужби.
Миша Гроф, наводно ѝ забранил на Пишек да се појави и на поменот по повод првата годишнина од смртта на Видое, па таа отишла на гробот еден ден порано.
Но, по 4 години, свекорот и снаата ги расчистиле несогласувањата, па дури и заедно биле на гробот на Видоје.
