Мелина кога беше во брак со Харис Џиновиќ велеше: „Јас сум традиционална жена, семејството ми е на прво место“
- Детали
- сабота, 25 април 2026
„За мене семејството и бракот се она што ме прави најсреќна. Ако ме прашате што би избрала, мислам дека би се откажала од мојот моден бренд за секунда, само ако тоа ми пречи во семејните односи и времето со сопругот и со децата“, изјави Мелина додека беше во брак со Харис Џиновиќ.

Мелина Џиновиќ, а сега Meлина Арнолд, повторно го изговори судбоносното „ДА“, овојпат со британскиот милионер Џефри Пол Арнолд Деј, само две години по разводот од пејачот Харис Џиновиќ.

Крајот на нејзиниот брак со пејачот ја изненади јавноста, особено ако се земат предвид ставовите што претходно ги изнесуваше за семејството и бракот.
Во една од своите поранешни изјави, Мелина зборуваше за личните вредности и ставот кон бракот, нагласувајќи колку ѝ значат стабилноста и семејството.
Додека Мелина ужива во новиот живот, во српските медиуми се споделува нејзина постара изјава од времето на бракот со Харис.
Мелина тогаш изјави:
„Јас не можам да коментирам никого освен себе. Јас сум традиционална.
Со својот избор сум исклучително горда, а ќе се согласиме дека направив добар избор.

Не знам што да ви кажам, можеби тоа се носи од дома, тоа денес не е модерно и не е феминистички.