Српски пејач, алкохолизиран, направи скандал среде авион - капетанот реагираше, заврши на психијатрија, сопругата загрижена
Неговата сакана Јелена (32) е доктор по стоматологија и поранешна Мис на Босна и Херцеговина.

Парот пред неколку години отворил стоматолошка клиника која покрај стоматолошки услуги нуди и третмани од естетска медицина, како ботокс и хијалурон.

Слоба Васиќ повеќепати јавно има кажано колку има доверба во сопругата и колку е горд на нејзиниот успех, додека Јелена изјавувала дека токму тој ѝ бил „ветер во грб“ за време на студиите и започнувањето на приватен бизнис.
Јелена на социјалните мрежи често споделува детали од ординацијата и секојдневниот живот.

Слоба за неа изјави:
„Се сложуваме секогаш, и дома и во бизнисот. Таа си ја знае работата најдобро, не можам тука да ѝ се мешам“.

По скандалот со Слоба таа изјавила:
„Навистина немам сила, ве молам, не можам ништо да кажам. Слоба е добро, жив и здрав, но дека не знам што ќе се случува понатаму.“


